Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
“Те создадов денес! Како крава од тебе се очекува да пасеш по ливадите. Ќе живееш во шталата на некој фармер, или ќе бидеш сама. Цел ден ќе бидеш на сонце, на жештина, дожд или студ – оставена на волјата на твојот стопан. Ти давам 50 години таков живот!”
Кравата возврати:”Што?Таков мачен живот да живеам 50 години? Дај ми само 20, останатите 30 ти ги враќам”
Бог се согласил на тој услов. На кравата и дал само 20 години живот.
На вториот ден Бог го создаде кучето и му кажа:
“Тоа што треба да правиш е да стоиш пред куќата на газдата и да лаеш по секој непознат кој ќе дојде. Поради особеностите на твојот живот, ќе направам да трае 20 години”
Кучето одговорило: “Нееее, да стојам по цел ден во период од 20 години! Би сакал да земам само 10, а другите 10 ти ги враќам” И Бог се согласил.
На третиот ден го создал мајмунот. Му ги дал следните упатства:
“Твоја мисија во животот е да го забавуваш народот. Треба да ги натераш да се смеат и да ги изведуваш своите мајмунски точки. Тоа ќе го правиш во тек на 20 години. Толку ти давам живот!”
Мајмунот рекол :”Што? Да ги терам да се смеат? Да правам мајмунски фаци и да изведувам мајмунски точки? Ќе го правам тоа само 10 години, останатите земи си ги назад”. Бог се согласил со условите на мајмунот.
На четвртиот ден го создал човекот и му рекол :”Ти си човек. Твојата работа е да спиеш, да јадеш и да играш! Ќе се насладуваш исклучително многу на животот. Се што треба да правиш е да го бараш задоволството во животот. Ништо друго. За таквиот живот ти давам 20 години”
Човекот климнал со главата и рекол :”Толку убав живот. Јадење, играње и сон без никакви обврски. Полна наслада од животот и ти очекуваш да живеам само 20 години. Не, не, не...Ќе може ли да го направам следното: Кравата ти врати 30 години, кучето и мајмунот по 10. Јас сакам да ги земам. Така животот ќе ми се продолжи на 70 години, нели?” И бидејќи Бог е милостив, се согласил!
Затоа:
Во текот на првите 20 години јадеме, пиеме, играме, спиеме и се насладуваме на животот без да правиме ништо посебно.
Во следните 30 години работиме напорно, страдаме и се трудиме да го издржуваме семејството.
Во следните 10 години ги забавуваме внуците изведувајќи мајмунски точки.
А во последните 10 години стоиме пред влезната врата и лаеме по минувачите!
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Татковци во првите месеци, нивната улога и емоции
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајка...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.