Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Миранда Кер, Даутсен Круз, Алесандра Амброзио и Адриана Лима ја покажуваат својата форма, неверојатна за свежи мајки.
Маркетинг директорот на Victoria's secret, изјави дека ангелите станаа уште поубави, бидејќи се посамоуверени и исполнети со решителност, бидејќи знаат дека можат се'.
Се разбира, генетиката има големо влијание за тоа преобразување на убавиците, но убавината дадена од природата не е доволна – потребни се тренинзи и строги диети.
Миранда Кер
Од сите мајки Миранда Kер има најголеми придобивки од бременоста. Нејзината витка фигура доби женствени облини, во движењето се појави како нова грација, а насмевката и стана уште посјајна. Не случајно беше избрана на модната ревија за наскапоцен градник.
Миранда се избори со вишокот на килограми со помош на јога, пилатес и многу вежбање. Притоа имаше добар избор на вежби кои можат да се прават дома.
“Се разбира, слободно време имам многу малку, но се трудам да спортувам секојдневно. Правам вежби дома, играјќи си со синот на подот” – вели Миранда.
Таа е сигурна дека синот, гледајќи ја како тренира секој ден, ќе се научи дека спортувањето е неопходен дел од секојдневната рутина. Исто се однесува и за правилната исхрана, чиј поборник е Mиранда. Појадокот обично и се состои од свежо овошје, кисело млеко или јајца со пченкарен леб. За ручек јаде салата со туна и зелен чај, а за вечера риба (варена или печена на скара), со гарнир од зеленчук.
Даутсен Круз
Таа тврди дека се вратила во форма благодарение на ABC – тренинзите (Abdominal – Back – Spine) – остри вежби за стомачни и грбни мускули.
Освен тоа, пред важните настани Круз ги исклучува јагленохидратите од менито и ги заменува со протеини (по неколку пати на ден во мали дози). Притоа пие свежо цедени сокови. Резултатот е видлив на нејзиното тело.
И покрај високите хонорари холандската убавица е убедена дека убавиот изглед не се купува со пари, туку со режим.
Алесандра Амброзио
Таа стана мајка пред речиси три години, но многу брзо се врати на претходните димензии. Сега убавицата е позадоволна со своето тело од било кога.
“Нашите тела се менуваат со текот на годините, сега јасно го гледам тоа. Повеќе не сум девојка, станав жена”, вели Алесандра.
Таа изјавува дека со подготовките за ревија започнува 2-3 недели претходно.Тогаш од својата исхрана го исфрла чоколадото (иако секогаш има потреба од него). Во последно време ѕвездата повеќе го користи своето слободно време за игри со ќерката, отколку за вежбање. Во моментот Алесандра е бремена со второ дете.
Адриана Лима
Најмногу од сите, за враќање во форма, се испотила Адриана Лима. Една недела пред секоја важна ревија ѕвездата почнувала супер строга диета која се темели на вода и специјални протеински коктели. Притоа вежбала активно, два пати на ден, вклучувајќи и бокс.
Резултатот пристигна брзо – едни тврдат дека бразилката станала уште по-секси, а други ја критикуваат дека ја зголемила склоноста на девојчињата кон анорексија (но тука претеруваат).
“Имам пристап кон овие работи како спортист и тоа ми се допаѓа. Јас не се придржувам кон постојана строга диета. На овој начин само се подготвувам за ревија. По шоуто се враќам во нормален живот и јадам се што ќе посакам” – вели Лима.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Пелени.
пеперутка16
Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?