Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Никогаш не се сметав себеси за лутка.Дури и луѓето ме доживуваа како “таа која секогаш се смее и секогаш е позитивна”. Додуша, се замислувам себеси како успешна деловна жена со пет деца, па еве денес ниту работа имам, а и овие две деца што ги имам се премногу
Кога станав мајка дојде до тотална промена во моето однесување. Се соочив со својот темперамент, бидејќи одредени однесувања и постапки ја менуваа мојата толеранција. Почнав да се нервирам за се она што не е во склад со тоа што јас го замислував и што ја нарушува рутината која јас ја воспоставив. Тие силни емоции кои не водат во животот, се комбинираат и менуваат со неверојатна брзина што ќе помине време после кое нема да можеш да сфатиш што се слушува и кој си ти всушност. А јас сфатив дека станав невротична мајка која не знае каде удира, која сака да биде се на место, сите сфери да функционираат беспрекорно и кога ќе ги доведе до совршенство – паѓа мртва од замор, ја истресува последната микрогранула енергија на најмилите и тоа низ трансформација од лик на мајка во лик на некоја изобличена појава на жена, која не ја познавам ниту јас, а камо ли моите деца.
Сфатив дека е време за промена, кога старото дете ме погледна исплашено во една епизода “Детето беше непослушно, а мама се претвори во чудовиште”.
Ниедна промена не може да се случи преку ноќ. Јас се подготвив. Кажуваат дека е потребен 21 ден за да се измени некоја навика или однесување. Мене ми требаа неколку денови (читај 15) за мозокот да ја прифати оваа моја идеја., потоа неколку денови (читај 7) за да почнам да ја применувам, а потоа идејата ја имплементирав во моментална експериментална фаза.
I дел – Да се престане со викање
II дел – Да се ужива во моментот
Дозволуваме ситниците да ни го кројат животот и несвесно им се препуштаме. Зар не е всушност преубаво да го гледате детето како јаде самостојно? Зар не е фантастично тоа што детето дава се од себе за да одбрани гол, фрлајќи се на земја? Зар зелената трага на панталоните не е доказ за една животна борба за која го подготвуваме детето?
Мајчинството ми донесе спектар на емоции. Таа работа е многу тешка за раководење кога личноста е лута и е под стрес. А емоциите можат да направат хаос.
Моето постаро дете, кое е во некој предпубертетски период, стално ги испитува и испробува моите граници. Не очекував таква промена во однесувањето. Го тестираше секој мој збор, секоја моја одлука. И еден ден изгубив во таа игра. Почнав да викам. Реков викам? Почнав да УРЛАМ! Бев страшно лута! Зошто не сака да ме послуша? Зошто секоја работа морам да ја повторам милион пати?Тој ме гледаше, вчудоневиден и исплашен. Но тоа не-слушање ќе продолжи откако ќе заврши моето лудило.
Она што прво го сфатив во проучувањето на моето ново јас, е дека многу работи ги доживувам лично. Се нервирам кога детето нема да ме послуша во истата секунда. Едноставно ми се пали црвената ламбичка за стрес, почнувам да викам, детето се собира во положај на фетус, јас имам грижа на совест, се смирувам и никому ништо.
Сфгатив дека мора нешто да променам и да престанат нештата кои се нормални во однесувањето на детето да ме вадат од колосек.
Ова се некои техники кои ги користев, во зависност од ситуацијата:
Се што ќе дозволиме да не извади од такт е безначајно. Зар играчките расфрлени низ цела куќа се толку голем проблем? Зар валканите ѕидови нема да се варосаат?Зар чаршавот нема да се испере? Зар детето ќе биде гладно ако не изеде баш се што сме ме рекле?Зар една чаша Кока-Кола ќе го уништи црниот дроб? Зар оценките не можат да се поправат?
Сега со уживање гледам како моите деца ги прават тие палави работи, создавајќи ми мене спомени, а себеси драгоцено искуство. Не можам да кажам дека баш секогаш сум имуна гледајќи гино се учам, бидејќи длабоко во себеси некаде знам дека така треба и дека сум во право. А најважно од се е што се спознав себеси и не дозволив брзината на живеење да ги голтне најубавите моменти.
И да, експериментот за промени во однесувањето е успешен и пред 21 ден.
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Заеднички моменти, незаборавни спомени
Во трката по обврски, планови и секојдневни задачи, лесно е да заборав...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?