vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
ПРАВИЛО 1
НИКОГАШ не ги давај своите лични податоци на интернет, освен ако некој од твоите родители не ти каже дека е во ред да ги дадеш. Лични податоци се твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името на училиштето или локацијата на училиштето, омиленото место за играње и собирање со пријателите, имињата на пријателите и сл. Сите овие се лични информации и треба да се чуваат како приватни, т.е. да не се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку интернет.
ПРАВИЛО 2
НИКОГАШ и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.
ПРАВИЛО 3
НИКОГАШ не оди да се запознаваш во живо со некој твој онлајн пријател кој го познаваш само преку интернет, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители или пак со некој друг возрасен во кој имаш доверба и сретнете се на јавно место.
П. С.: Постарите тинејџери, кои веројатно ќе одлучат да не одат со родител, сепак нека не одат сами туку нека земат со себе барем еден свој пријател. Со кого и да решиш да одиш - договорете ја средбата на јавно место.
ПРАВИЛО 4
НИКОГАШ не одговарај на пораки кои прават да се чувствуваш непријатно (те засрамуваат, заплашуваат или на било кој начин прават да се чувствуваш лошо). Игнорирај ги овие пораки и прекини ја комуникацијата со тој што ти ги испраќа, веднаш кажи на некој од родителите или на друг возрасен во кој имаш доверба.
Преземено: Безбедно на интернет
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...