|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да израснете среќни деца?

Редакција Рингераја, 10.8.2017
Дали сте забележале дека родителите и односот со нивните деца е многу променет за разлика од кога вие бевте дете?

image
/11


 

Некои промени се во позитивна смисла, но некои можеме да кажеме и дека се неприфатливи.

Сепак, ќе гледаме кон добрата страна на работите.

Колку и да се родителите модерни, секој од нив сака нивното дете да биде среќно и успешно да израсне во зрела личност.

Погледнете што им е заедничко на родителите на среќните деца:


Поминуваат време заедно

Дел од модерните родители имаат многу зафатен распоред. Кога се изморени, најлесен начин да ги анимираат децата е да им пуштат телевизија или да им дадат таблет/мобилен телефон.

Но постојат и такви кои знаат дека мора да има активности кои ќе им бидат интересни и на родителите и на детето. Детето ќе заборави што сте му купиле, но никогаш нема да заборави некоја заедничка авантура.

 

Уживаат во семејните ручеци

Децата кои почесто уживаат во семејните ручеци имаат попозитивен поглед кон животот, споредено со оние кои ручаат сами и ретко се собираат заедно со семејството.

Заеднички оброк е одличен начин да се зближите со детето, но не заборавајте да го исклучите телевизорот и сите други уреди. Уживајте во взаемното присуство.

 

1

 

Ги учат децата да бидат грижливи

Важно е да ги учите децата да се грижат за другите луѓе и да им бидат благодарни на оние кои направиле нешто за нив во животот.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои покажуваат благодарност, имаат поголеми шанси да бидат корисни, внимателни и да простуваат. Плус, така се чувствуваат посреќно, но и поздраво.

 

2

 

Ги учат децата да ги анализираат проблемите и да се справуваат со нив

Постојаната контрола може да доведе до деструктивна врска во иднина. Верувајте му на вашето дете и дозволете му само да носи одлуки.

Започнете со мали работи – нека одбере што ќе облече или што ќе јаде за појадок. Така постепено детето станува независно и знае што сака од животот.

Слушајте внимателно ако вашето дете одлучи да сподели проблеми со вас и помогнете му да донесе најдобра одлука.

 

3

 

Им помагаат на децата да развијат комуникациски вештини

Истражувањата покажуваат дека комуникациските вештини се развиваат уште додека децата се во градинка. Ако тие се социјализирани со нивните врсници, ќе имаат поголема шанса да успеат понатаму во животот.

Оние кои имале проблеми со комуникацијата во детството, имале проблеми и понатаму во животот, како на пример со пороци.

 

4

 

Ретко се под стрес

Според многу истражувања, докажано е дека чувствата и емоционалната состојба на мајката директно влијае врз членовите на нејзиното семејство.

Истото правило важи и за негативните чувства, па родителите кои се под стрес тоа им го пренесуваат и на нивните деца. Затоа, обидете се да бидете позитивни и опуштени кога сте заедно со семејството. На сите ќе ви биде подобро.

 

5

 

Тие работат на односот со нивните деца

Децата учат за грижата и почитта кога родителите се однесуваат со нив на тој начин. Кога ја чувствуваат нивната љубов, тие се приврзуваат за нив. Таа врска прави да ги ценат работите и да учат побрзо.

Квалитетно поминувајте го времето со вашите деца – читајте заедно, зборувајте со нив и слушајте секогаш кога имаат да ви кажат нешто.

 

6

 

Тие не им викаат и не ги караат своите деца

Карањето и „плескањето по задник“ никогаш не успеваат кога станува збор за однесувањето на децата. Напротив, децата се обидуваат да најдат нов начин за да избегнат казна.

Таквите деца може да се претворат во лажговци кој го добиваат своето по секоја цена.

Наспроти нив, децата кои никогаш не се соочиле со емоционално насилство се помалку депресивни, ги контролираат подобро своите чувства и имаат подобро памтење.

 

7

 

Тие се пример и идоли за нивните деца

Родителите на среќните деца се секогаш авторитетни – децата ги почитуваат, но никогаш не се жртви на нивниот авторитет.

Ако сакате вашите деца да ве почитуваат и да ви веруваат, мора да си ги признаете и вашите грешки и недостатоци. Бидете искрени и фер со нив и почитувајте ги нивните мислења.

На крајот на краиштата, никој не е совршен секогаш.

 

8

 

Им помагаат на децата да се справат со негативниет чувства

За жал, ниту едно дете не се раѓа со способност за контролирање на чувствата. Потребна им е помош за да научат како да го прават тоа. А кој може да понуди подобра помош од родителите?

Обидете се да им помогнете на децата да ги разберат нивните чувства и научете ги како да ги искажуваат. Научете ги на стариот добар трик – вдишете длабоко, издишете и бројте до 10 пред да изреагирате на нешто.

Така ќе ги заштитите од негативните чувства и бесот во иднина.

 

9

 

Што јадат децата кои не јадат НИШТО
...а сепак се живи, радосни и сосема здрави?!
77
Последици од попустливото воспитување на д...
Во последните три-четири децении преовладуваше модел на воспитување во кој се инсистира дека децата мораат да бидат среќ...
25
Најчести есенски болести кај децата
Се проценува дека детето во првите три години од животот има просечно четири до шест инфекции на горните респираторни па...
13
Ти нема да се сеќаваш сине...
Jessica Dimas е писателка по професија. Писмото кое го напиша за својот син, ќе го допре срцето на секоја мајка...
10


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali moze malo bebe stotuku rodeno da patuva vo avion?

Da (67%)

Ne (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!