Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Козметика за кожата
Кога ќе ви наближи 30-тиот роденден, доаѓа време да се обрне внимание на козметиката која ја користите. Колку порано ќе почнете да се грижите правилно за кожата, толку побрзо ќе го забавите процесот на стареење. Барајте производи, во кои има содржина на ретинол, пептиди и антиоксиданти.
Ретинолот го зголемува производството на колаген и ја прави кожата еластична. Пептидите и даваат свеж изглед на кожата, а антиоксидансите обезбедуваат заштита од штетни зраци и се борат со слободните радикали. Убаво е исто така да пребарувате козметика со природни состојки како алое вера, камилица или зелен чај, бидејќи за нив е познато дека го забавуваат процесот на стареење. Козметика со содржина на витамин Ц и Е, исто така ќе ви биде од корист во борбата против брчките.
Многу внимавајте и со што го чистите лицето - барајте производи кои не содржат алкохол. По 40 години кожата станува сува и е важно да се задржат подолго природните масла кои организмот ги произведува. Козметика со повисока содржина на алкохол дополнително ќе ја исуши и остари кожата.
Нега на кожата
Ексфолирањето помага за елиминирање на мртвите клетки, го стимулира делењето на нови и ја прави кожата свежа и еластична.
Обрнете повеќе внимание на хидратацијата - процесот на стареење води до сушење на кожата. Може да го одложите ако пиете повеќе вода - во просек по 1.5-2л дневно, и ако си правите домашни навлажнувачки маски.
Намалете го шеќерот во менито, бидејќи истражувања покажуваат дека таа води до слабеење на производството на колаген, како резултат на што кожата виси. Актерката Дајан Лејн пак вели дека го одложува појавата на брчки во зоната на очите со помош на акупунктура.
Шминка и стареење
Со напредокот на годините треба да посвети поголемо внимание на шминката. На пример, се препорачува да го ограничите користењето на фон де тен, бидејќи со него брчките околу очите се забележуваат повеќе. Заменете го со коректор и крем за нега.
Исто така користете руменило во бронзена боја на образите наместо розово руменило - така кожата ќе изгледа помлада и сјајна. За сметка на тоа може да користите кармин во светла боја. Кај сенките за очи златни нијанси уживаат предност пред сребрените.
забава Бремените
Автор: bobik
Кои моменти не зближуваат во врската?
Во свет каде што секојдневието е исполнето со обврски, стрес и брзо те...
Пробиотици за бебиња: Дали навистина се потребни?
Во последните години пробиотиците станаа вистински „хит“ во светот на ...
Витаминот C кај малите деца: Зошто е толку важен?
Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е еден од најпознатит...
Ако сте родител, веројатно барем еднаш сте се „сокриле“ во кујната, то...
Антисептици, пријател или непријател на нашето здравје?
Антисептиците станаа неизбежен дел од нашето секојдневие, особено во п...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?