|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да го смирите детето по вашата расправија?

Редакција Рингераја, 8.8.2018
Родителите не треба да го изгубат своето трпение, но секој го прави тоа. Сe уште е можно да се биде добар родител и потоа
Клучни зборови:

image
/11


Тешко е да се биде смирен родител. Недостатокот на сон, неизвесноста на неискуството, социјалните притисоци од другите луѓе - сето тоа ги поткопува напорите да останете смирени. Родителите не би треба да го изгубат своето трпение, но тоа неизбежно се случува. И тоа е вознемирувачко за децата. Ако се случи многу рано во животот, истражувањата покажуваат дека стресот од изложеноста на гнев може да создаде модели на однесување кои влијаат врз идната социјализација, емоционално управување и самодоверба. Изложеноста на нестабилност дури може да доведе и до проблеми со анксиозност кај децата. Иако идеално решение е детето да не биде присутно на вашата расправија, сепак попрактично е да знаете како да го смирите детето.

 

Шанта Донхаузер, семеен терапевт и специјалист за психичко здравје од Сиетл, идентификуваше четири чекори за да им помогне на родителите да им помогнат на своите деца да го надминат застрашувачкото искуство на сведочење на гневот на родителите. Доколку ги оставите децата сами да ги процесираат тие емоции и искуства, можат да извлечат некои многу нездрави заклучоци.

 

Како да се смири детето после расправија на мама и тато?

Смирете се

Родителите треба да ги регулираат своите емоции пред да се справат со она што се случило.

 

Размислете за она што детето го видело и искусило

Родителскиот гнев е многу застрашувачки и можеби се заканува на детето. Родителите треба да го замислат од перспектива на детето.

 

Објаснете што се случило и како детето го доживеало

Бидете експлицитни со емоциите и побарајте помош од детето за изнаоѓање начини како да се избегне тоа.

 

Поврзете се

Детето не измислува или прикрива што се случило - имајте нормална врска со родител-дете

 

 

Смирете се

Пред да се обидете да го утешите исплашеното дете, треба да добиете цврста контрола врз сопствените емоции.

"Тоа е како правило за безбедност на авиокомпанијата -" обезбеди ја својата маска за кислород пред да се обидеш да им помогнеш на другите ", објаснува Донаузер. "Не можете да го смирите вашето дете кога сте уште лути или во процес на смирување".

 

Размислете за она што детето го видело и искусило

Родителите треба да ја видат ситуацијата од перспектива на децата - родителот е поголем, посилен и погласен. Дали имало агресивни гестови или настани? Дали нешто беше фрлено или скршено?

 

Поправка на штетата

Откако ќе се смират родителите треба да направат искрен обид за повторно поврзување со детето. Поканувањето на детето да седи на безбеден и удобен простор е добар почеток. Некои деца нема да сакаат директно да зборуваат за она што се случило и ќе сакаат да играат додека да ги смират своите емоции. Тоа е во ред.

"Споделете ги своите намери и емоции", советува Донаузер. "Потоа, доведете го вашето дете во процесот на поправка, за да можат да ко-креираат решенија за овој проблем. Децата се креативни и често доаѓаат со одлични решенија кога им се дава можност. "

 

Поврзете се со детето

По надминувањето на ситуацијата, родителите треба да најдат можности да се поврзат со своето дете - одење во парк, возење велосипед или само заедничка игра.

Родителите треба да сфатат дека децата не се чувствуваат само физички загрозени од прикажување на гнев, но тие се загрижени дека самиот однос е во опасност. И затоа е толку важно родителите да ја задржат контролата, за да не им дадат погрешен модел на однесување на своите деца.

Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Кога срцето забрзано чука...
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...
4
Каде грешите ако децата постојано ви се бо...
Не го фаќај тоа, какано е. Никако не земај работи што паднале на подот или на земја“. Сте се слушнале ли себеси како ги ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

koe e poubavo ime
BARBARITA

koe e poubavo ime

Denis (19%)

Dario (81%)


Број на сите гласови: 114

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!