|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јазикот зборува за здравјето

www.doktori.mk, 28.11.2013
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен начин навреме да се откријат некои промени и да дознаете нешто за Вашето здравје
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Јазикот на здрава личност е розеникав, мазен, сјаен и покриен со тенок белкаст слој. Мек е, а на допир - кадифест.

 

Јазикот зборува за здравјето

 

Слузницата на јазикот е градена од клетки кои брзо се обновуваат додека се џвака. Луѓето кои во својата исхрана консумираат претежно готвени јадења, кои не се абразивни и не содржат премногу влакна, имаат јазик со посветла боја од оние кои јадат повеќе зеленчук, овошје, житарици и месо. Покачената телесна температура, габичните заболувања, проблеми со дишењето, недостаток на витаминот Б12 или железо и други тегоби се манифестираат со промена на бојата и изгледот на јазикот.

 

 

 

Темна боја

 

Папилите на јазикот се издолжени и темни, јазикот не е болен на допир ама е леплив. Темната боја најчесто е последица на прекумерната употреба на антисептични средства, антибиотици или пушење. Погрешно ја поврзуваат со габична инфекција. Доволно е со четка за заби силно да се протрие јазикот и да се поттикне луштењето на темниот слој. Некогаш се препорачува проплакнување со специјални средства на база на ретиноид.

 

1

 

Бел слој

Леплив јазик и покриен со дебел бел слој е знак за отежнато и забавено обновување на клетките од слузницата на јазикот. Најчесто овие промени се јавуваат при покачена телесна температура или лесна настинка. Но, овие промени можат да укажат и на желудочни или цревни промени. Состојбата моментално се подобрува со четкање со четка за заби.

 

2

 

Како јагода

Јазикот најпрво е покриен со бел слој, а само врвот му е црвен во форма на буквата V, а по неколку дена целиот јазик е просеан со црвени пеги. Причина може да биде шарлах, детска болест предизвикана од стрептокок. Ако станува збор за шарлах потребна е антибиотска терапија.

 

3

 

Сув јазик

Нема сјај и ако јазикот го допрете со пластичната дршка од четката за заби ќе осетите дека лепи. Сувоста на јазикот е чест проблем, а многу често и причина да се посети доктор, но најчесто е последица на земање некои видови лекови (психотропни, антидепресиви, диуретици). Овој проблем често го имаат и оние кои спијат со отворена уста. Сувиот јазик е знак на општа дехидратација на целиот организам или пореметено лачење на плунковите жлезди како резултат на ослабнат имунитет.

 

4

 

Просеан со флеки

Белите флеки се по целата површина на јазикот и се отстрануваат ако ги исчеткаме. Овие флеки, иако исчезнуваат, не треба да се потценуваат бидејќи можат да бидат знак за воспаление кое го предизвикува габа од родот Кандида, најчесто после лекување со антибиотици. Лесно се лекува со антимикотици.

 

5

 

Бели меурчиња

Јазик со меурчиња од кои излегува прозирна течност е симптом за инфекција со Херпес - вирусот. Најчесто се приметува кај деца, а сето ова е многу болно и пропратено е со покачена температура. По лекувањето можни се рецидиви и тоа најчесто на непцето и усните.

 

6

 

Болни улцерации

Афтите можат да се појават на повеќе места на јазикот, светли се, округли, со правилна форма, ограничени со црвен раб и се болни. Помага течност за плакнење на усната шуплина, но ако не помине за една недела потребно е да се јавите на доктор бидејќи афтите покрај што можат да се јават заради лоша хигиена или да се од вирусно потекло, можат да бидат симптом на друга болест.

 

7

 

Одржувајте хигиена

По темелното миење на забите од корист е да се исчетка и јазикот, да се отстранат наслагите и да се поттикне обновувањето на клетките од слузницата на јазикот. Ова е корисно бидејќи јазикот е изграден од многу набори кои се погодни за размножување на микроорганизми. Секоја промена на боја, изглед или појава на болка е некоја порака на организмот дека нешто се случува. Но, ако и покрај препораките на матичниот доктор во текот на наредните 7 дена промените и понатаму се присутни, треба да се јавите на стоматолог или дерматолог, а понекогаш е потребна помош и од оториноларинголог.

 

8

 

 

д-р Љубица Миќуновиќ

доктор на медицина

Фото: Татковци во породилна сала
Овие скапоцени фотографии кои ја изразуваат возбудата на татковците кои ги поддржуваат своите партнерки во просторијата ...
708
Како да разговарате со децата, за да бидет...
Начинот на кој разговараме со нашите деца има значително влијание врз нивното учење и способноста да не слушаат. Ггенера...
54
Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
30
Блог: Колку што го сакам тој сон, толку и ...
Прекрасен излив на мајчински чувства од Елена Наумовска - @mother.of.three.daughters
14


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Deca
zelba

kolku deca bi sakale da imate

niedno (1%)

1 (7%)

2 (40%)

3 (45%)

i povekje (7%)


Број на сите гласови: 288

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!