|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јас никогаш нема да правам така !!!

Редакција Рингераја, 16.3.2015
"Честитки - ќе станете мајка!" Само што ќе го слушнете срцето на бебето, веќе знаете: животот никогаш нема да биде како порано. Еве што ми се случи мене откако бебето ми стана реалност
Клучни зборови:

image
Ветувања на една мајка
/11


 

Некогаш мнооого одамна, кога се обидував да замислам како еден ден ќе ги гледам своите деца, сакав да изјавувам работи од типот на: "Ако имам ќерка, никогаш нема да ја облекувам во розово!". Или: "Никогаш нема да дискутирам на јавно место" за содржината  на пелената (сортирајќи по боја, мирис и текстура ...). Па, некои работи си ги препознав. Еве каде се "провалив".

    

Никогаш нема да зборувам на "бебешки јазик" или со оној ужасен тон со кој разнежнетите мајки изговараат слатки реплики како:

"Ти си моето слатко, најслатко шеќерче - најубавото бебе на светот!" Во периодот "пред-бебето" обично на ваквите изјави "вртев со очите". Во ерата "по-бебето" констатирав две работи:

1. Дека моето дете е "најслаткото бебе на светот!" и

2. Штом ќе погледнам кон своето слатко мало = веднаш почнувам да се умилкувам = и почнувам да му зборувам на "бебешки јазик" со "оној ужасен тон" ...

    

Никогаш нема да се произнесувам по: "содржината" на пелените, јадењето пиреа со сомнителна боја, ужасен вкус и сл ..

Тоа ти е работа, по цел ден да менуваш пелени, а оценката на "содржината" е еден од важните показатели дека бебето е здраво и дека јаде доволно. И секој следен ден правите кашички со сомнителна боја и без вкус, бидејќи таквите кашички се најздрави за децата. Исхраната и здравјето на бебето се најважни работи за тебе сега - по 24 часа на ден ... Звучи ли опседнато? Па такво е! Обидете се сега да мислите на последните модни трендови и должината на рачките на чантите.

    

Никогаш нема да го оставам да прави што сака

Уште еден од моите гревови, сепак ... понекогаш авторитетот, аргументите, молбите се немоќни. Ова обично се совпаѓа со моменти како: прошетка + плиснување на пороен дожд + дете кое одбива да се врати, затоа што сака да седне во средината на најдлабокиот вир.

    

Никогаш нема да го залажувам (на пример да кажам "ќе видиме ...", како одговор на желбата "сакам да одиме во паркоооот ...").

Да, свесна сум дека "Немаме секогаш време да одиме во паркот". Како и дека "Ќе видиме ..." е единствениот начин да си заштедам хистерично плачење и половина час смирување, за да успеам да ги завршам итните задачи и - можеби! - Да ни остане време за прошетка во парк :).

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Татковци во породилна сала
Овие скапоцени фотографии кои ја изразуваат возбудата на татковците кои ги поддржуваат своите партнерки во просторијата ...
3
Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
3
Детето е здраво колку што му се здрави заб...
Здрави заби се предуслов за целосно здравје. Фактите говорат дека болните заби го загрозуваат општото здравје на децата
3
Идеи за декорирање на роденденска торта
Како да направите торта слична на гумените пиленца со кои си играат дечињата?
3




Анкета

/
Jana9

Dali koristite stedlivi svetilki?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!