|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да ја негувате бебешката кожа за да биде здрава?

Натура Тиби, 13.6.2024
Како родители, ние се стремиме да им го обезбедиме најдоброто на нашите малечки,обезбедувајќи им удобност, здравје и целокупна благосостојба. Една од суштинските работи е правилниот избор на пелени како клучен фактор во одржувањето на хигиената

image
/11


Кожата е најголемиот орган на нашето тело и служи како заштитна бариера против надворешните влијанија. Сепак, бебешката кожа значително се разликува од таа на возрасните, што бара посебно внимание и нега во периодот на носење пелени.

 

peleni

 

Дебелина и порозност на кожата

 Бебешката кожа е значително потенка од таа на возрасните, што ја прави попропустлива за хемикалии и надразнувачи од околината. При раѓање, кожата е дебела околу 1-2мм, додека кожата на возрасните е типично дебела околу 2-4мм. Исто така првиот слој на кожата, е недоразвиен, што доведува до побрза апсорпција на надворешните супстанции. 

2

 

Хидратација

 Поради незрелата структура на кожата, бебињата ја губат влажноста со побрзо темпо од возрасните. Детската кожа има релативно слаба заштитна функција, што ја прави склона кон губење на вода и апсорпција на токсини од околината. Ова предизвикува кожата на бебето да биде поподложна на сувост, чешање и иритации. Соодветната хидратација е клучна за одржување на здрава бебешка кожа.

 

slika3

 

Имунолошки систем

Детската кожа има помалку развиен имунолошки систем од возрасната, што ја прави поподложна на инфекции и алергиски реакции. Таа бара нежни производи без мирис, формулирани специјално за нејзината деликатна природа.

Кога станува збор за пелени за вашето бебе во овој чувствителен период, изборот на нетоксични и пелени без хемикалии е од суштинско значење. Eco Boom пелените се одличен пример за пелени кои и даваат приоритет на нежната кожа на вашето бебе.

slika4

 

Eco Boom пелените се специјално прилагодени да го минимизираат ризикот од иритација и да го промовираат здравјето на кожата. Ова е благодарение на  користење на целосно природни, хипоалергени материјали кои се ослободени од хлор, мирис, латекс, фталати и штетни адитиви, со што се осигурува дека деликатната кожа на вашето бебе е заштитена од иритации и алергии. Пелените се направени од бамбус кој е супер-мек материјал, нежен за бебешката кожа. Пелените на EcoBoom даваат приоритет на удобноста без да се загрози апсорпцијата. Влакната од бамбус даваат допир како свила, обезбедувајќи удобност за вашето бебе.

 

slika5

 

Една од клучните квалитети на Eco Boom пелените е нивната висока дишливост (breathability). Ова е од клучно значење бидејќи бебешката кожа треба да остане добро проветрена за да се спречи прекумерното таложење на влага, минимизирајќи го ризикот од пеленски осип.

Дополнително, нивните одлични способности за апсорпција брзо ја отстрануваат влагата, одржувајќи ја сувоста на вашето бебе.

За време на пеленскиот период, од клучно значење е да се разбере и да се одговори на ранливоста на кожата на вашето бебе.

Разбирањето на уникатната конструкција на бебешка кожа наспроти возрасната кожа ни помага да донесеме правилни одлуки во врска со нивната нега. Изборот на нетоксични пелени, како што се Eco Boom пелените, може значително да придонесе за одржување на здравјето и благосостојбата на вашето малечко.

 

slika7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
4
Компот – идеална замена за чај
Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количин...
3
Време е да замрзнете малини и капини за ва...
Летото е период кога пазарите се преполни со свежо, ароматично овошје. Малините и капините се меѓу најздравите плодови ш...
3
Грчеви во доенечка возраст
Нема ништо потешко од тоа да го држите вашето бебе во раце, а тоа да плаче со сета сила иако е нахрането, суво и наспано...
3




Анкета


Еца

Колку често излегувате на ручек, вечера со сопругот/сопругата?

Еднаш неделно (24%)

Еднаш месечно (32%)

Многу ретко (45%)


Број на сите гласови: 38

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!