vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести кои се предизвикани од бактерии во храната, оособено во млекото поради нивниот несозреан имунолошки систем. Тие имаат поголеми шанси да добијат дијареа и повраќање од стоена и расипана храна, отколку возрасните. Затоа, од огромно значење е да внимавате на храната која тие ја консумираат и на начинот на кој ја чувате за време на високите летни температури. Бактериите брзо се развиваат кога температурите се над триесеттиот степен.

Како безбедно да го храните бебето додека сте на пат? Бебето кое се храни со мајчино млеко, дојте го често. Но, не заборавајте на водата за да спречите дехидрирање на неговиот кревок организам. Исклучиво користете флаширана вода. Измолзеното млеко чувајте го во мало фрижидерче за на пат. Ако бебето го храните со вештачко млеко, приготвувајте го непосредно пред да го дадете. Секој друг вид на храна како кашички, житарки, сокови, јогуртчиња чувајте ги исклучиво во преносно фрижидерче. Откако ќе ги отворите или направите добро е да се консумираат во рок од 60 минути и одново да ги ставите во фрижидер. Кога сте на плажа, секогаш трудете се да бидете под сенка и почитувајте ги овие правила за хранење на вашето малечко. Оброците кои ќе ги подготвите за на плажа треба да се изедат во краток рок. Истото важи и за пијалаците. Не ги враќајте назад во фрижидерот и не ги употребувајте одново. Подобро да фрлите храна, отколку да имате стомачни проблеми кои можат да ви го расипат одморот.
6
5
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...