|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Тест: Како да препознаете мал генијалец?

Редакција Рингераја, 6.11.2012
Ако Вашето дете има вонсериски потенцијали, овој тест ќе Ви помогне да ги препознаете. Секое дете има посебни, само нему својствени особини, а родителите се должни да ги забележат и развијат неговите скриени потенцијали

image
/11


 

 

На понудените прашања секој родител треба да одговори без многу размислување, бидејќи само на тој начин резултатот ќе биде веродостоен. Во прилог е упатство за препознавање на вундеркид. Само објективните одговори ќе дадат точни резултати.

Збир од 13 поени говори за тоа дека Вашето дете има одредени вонсериски способности. Во тој случај би требало да обрнете внимание на неговото образование, на таков начин што ќе има можност да ги усовршува и развива своите способности.

 

Проверете колкави се можностите на Вашето дете

Земете пенкало, читајте ги по ред тврдењата и забележувајте ги оние кои 100% важат и за Вашето дете:

  1. Вашето дете рано научило да чита, уште пред шестиот роденден самостојно (7 поени), со помош од некого. (5 поени)
  2. Многу чита книги и тоа многу брзо. (2 поени)
  3. Само, или со помош од некого се интересира за читање на енциклопедии или речници. (2 поени)
  4. Лесно се научило да чита но има потешкотии при читањето. (1 поен)
  5. Самостојно работи домашни задачи во својата соба со затворена врата и си игра со постари деца. (2 поени)
  6. Сака да разговара со постари на исто ниво. (2 поени)
  7. Поставува многу комплицирани прашања на кои ни возрасните не можат да одговорат. (2 поени)
  8. Има подготвен одговор дури и на потполно неочекувани прашања. (1 поен)
  9. Понекогаш е расеано, но секогаш е во состојба да изведе вешт заклучок или генерализација – да речеме после изгледан филм. (2 поени)
  10. Со задоволство влегува во расправија за светот кој не опкружува и дава своја оценка на одредени работи. (1 поен)
  11. Досадни му се еднолични работи – пример миење садови и домашни задачи за кои не е потребен голем напор. (1 поен )
  12. Многу е чувствително кон секоја неправда, дури и ако не се однесува на него. (2 поени)
  13. Сака да се шегува и има смисла за хумор. (2 поени)
  14. Има богат речник  и вешто користи различни термини. (2 поени)
  15. Сака комплицирани игри – шах и слично за кои е потребна снаодливост и досетливост (2 поени)
  16. Во рана возраст се интересира за работи кои ги учат деца од поголемите одделенија. (1 поен)
  17. Сака се' да работи самостојно. (2 поени)
  18. Го интересира вселената, настанокот на светот и се' она што се однесува на човековото потекло. (2 поени)
  19. Во училиште постигнува успех без посебен труд, брзо ја сфаќа материјата и за се има свое мслење. (2 поени)
  20. Има развиено чувство за музика, применета уметност, за средината која не опкружува и во се' наоѓа хармонија. (2 поени)

 

 

И? Какви резултати добивте?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Одблиску со Миа Костова за спонтаниот абортус
Миа Костова,на сите добро позната водителка, модна блогерка, инфлуенсер кој рекламира најпознати брендови во Македонија,...
4
Богатство
Дневникот на Pepelaska RR
3
Марула - мала зелена аптека
Едноставно не постои човек кој живее на Балканот, а кој ја нема пробано и нема уживано во вкусот на зелената салата
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2




Анкета

Миење заби.
Admin

Кога почнавте да им ги миете забите на вашите деца?