|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Историја и симболика на новогодишната елка

Редакција Рингераја, 26.12.2012
Во сите религии има култ кон светите дрвја. Дрвото е универзален симбол, се смета дека ја одржува хармонијата во светот бидејќи ги поврзува небото, земјата и подземјето.

image
/11


 

Во стариот Египет се почитувале палмите, во Грција маслиновото дрво, а во Рим лаворот. Заради тоа многумина веруваат дека историјата на новогодишното дрвце почнува уште од овие древни времиња. Врска се разбира има, но таа е премногу далечна. Затоа нашата приказна ќе ја започнеме од земјите на денешна Германија, каде паганските племиња ставале елка на вратата на почетокот на декември.

 

Зошто токму елка?

Заради зимзелените листови и идеалната пирамидална форма, која била симбол на вечно живата природа. Кога денот се намалувал и сите други растенија изгледале мртви, со ритуалот околу Светото дрво Германците го повикувале почетокот на пролетта. Уште тогаш го украсувале обредното дрво со овошје и свеќи.

Откако Германските племиња се покрстиле, култот на елката наместо да замре, станал посилен. Причина било тоа што обредното дрво почнало да се поврзува со раѓањето на Исус Христос. Секое семејство имало свое Божиќно дрво, а во XVII век почнале да се произведуваат елки, првично покриени со сребро, а потоа и со поевтин метал. Стаклените лампиони се појавиле подоцна, како замена за овошје. На врвот на елката се става ѕвезда, која го симболизира раѓањето на Спасителот.

Во исто време почнале да се изработуваат новогодишни дрва по градските плоштади, околу кои се организирале прославите за празникот. Обичајот набрзо почнал да се шири и во другите европски земји. Прво се проширил во Шведска, Финска и Данска, а околу 1840 година во Англија и Франција.

Најдолг отпор кон новогодишната елка давале прекуокеанските земји, бидејќи долго време сметале дека овој обичај е идолопоклонство. Дури во почетокот на XX век новогодишните дрва почнале да го красат секој американски дом.

 

И така, Божиќното дрво, извадено од одамна заборавената паганска религија, го освои целиот свет и се всели во секој дом. Негови украси станаа светлечките ламбички, разнобојните лампиони и прекрасните ангелчиња. Во Германија, од каде потекнува традицијата се уште преферираат да ја украсуваат елката  со божиќни слатки, ореви и сушени плодови - симболи на плодноста.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 14.04.2013 во 10.20 ...
3
Зошто детето постојано гледа ист цртан филм?
Децата околу втората година почнуваат да ги развиваат неопходните вештини за разбирање на приказните кои ги слушаат или ...
3
Логопедски игри за деца со развојни потешк...
Логопедски игри за развивање на сознајните функции и способности на мозокот кај децата, или развивање на елементарните ...
3
Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
2




Анкета

Odenje vo gradinka ili cuvanje kaj baba?
Tea3030

Gradinka ili kaj baba?

Da (90%)

Ne (10%)


Број на сите гласови: 51

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!