|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Влатко Лозановски

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Влатко ни зборува за љубовта, кон музиката, кон семејството, љубовта која ја дава, а истовремено ја добива!

image
/11


Својата популарност ја стекна во шоутоза таленти “Мак Ѕвезди”. Во јуни 2008 година ја освои “Гран при” наградата напрвиот Mакедонски радиски фестивал наречен “Ѕвездена Ноќ”.  Во октомври 2008 година ја доби “Гран при” наградатана најпрестижниот музички фестивал во Македонија – Макфест. Така започнуваполека патот кон ѕвездите на талентираниот и харизматиченВлатко Лозановски.

РР: Што претставува семејствотоза тебе?  

Влатко: Семејството за мене есвета работа, нешто без што јас не можам. Ги почитувам и сакам многу моитеродители и мојата сестра и благодарен сум им за се што ми овозможиле, анајмногу за љубовта што ми ја даваат.

РР: Колку ти беше важна поддршкатаод твоето семејство кога ја започна својата кариера?  

Влатко: Секако дека најважнонешто за секој човек е поддршката од семејството. Безусловната поддршка одмоите родители која ја добивав уште на моите први настапи ми даде енергија иуште поголем стимул да продолжам понатаму.

РР: Со што најмногу сакаше да сииграш, дали си играше со тенџерињата на мајка ти и дали уште од мал почна дакомонираш музика со кујнските садови? Од каде талентот и желбата за музика?

Влатко: Како мал многу сакав да трчам,бев полн со енергија, игравме фудбал, со другарите возевме велосипеди, со часови поминував на флипери...  Точно дека тропав и по тенџериња, па може да се каже дека тоа се моите први почетоци(се смее). Се сеќавам дека соседството ечеше од мене, па имав соседи кои ми велеа да правам пауза, бидејќи навистина заборавав да прекинам. Во основа имав среќно детство, а музиката ја имам наследено од татко ми. Тој исто така има многу добар вокал, мора да го пофалам. Многу пати знаев да си седам во нашиот тогашен автомобил да си слушам музика и да си пеам. Покрај татко ми и сестра ми има исто така добар вокал, но ете таа се одлучи да оди по друг пат, иако некогаш знае и да ми напише добар текст на некоја моја песна.

РР: Што најмногу ти недостига оддетството?

Влатко: Па најмногу детските лудории, таа слобода што ја имавме тогаш. Немавме никакви грижи, освен обврските кон училиштето. Живеевме буквално од денес за утре!

РР: Каков ученик беше Влатко?Дали се сеќаваш на средношколските денови и се што тие носат со себе. Можеш лида ни издвоиш нешто што засекогаш ќе остане во твоето сеќавање од тоа време?

Влатко: Бев одличен ученик, немав проблем со училиштето, не учев многу, но доволно памтев од часовите. Средното училиште го завршив во Битола и секако дека имаше убави моменти кои ми останаа во сеќавање. Тогаш за прв пат бев одвоен од моето семејство, не беше баш лесно да се навикнам, но со тек на времето и носталгијата кон семејството, кон моето Кичево полека се губеше. Секогаш кај нас во нашето школо или се пееше или се свиреше. Тука морам да го споменам и Димитар Андоновски со кој заедно завршивме во Битола, поминавме 4 добри средношколски години и секако дружбата продолжува и понатаму.

РР: Што претставува за тебе школувањето?  

Влатко: Според мене најважнонешто во животот за секој човек е школувањето. Тоа ни дава насоки во живототшто сакаме да бидеме, што би сакале да работиме и на што да се посветиме. Безсоодветно познавање на нештата во областа во која дејствуваме, не би можеле даго работиме тоа што го сакаме онака како што треба. Школувањето е отскокнадаска за она што треба и што сака да биде еден современ човек. 

РР: Какви родители беа твоитемама и тато? Што те научија твоите родители за животот, на што си имблагодарен, а што им замеруваш? 

Влатко: Секогаш ме учеа добро да се однесувам кон сите, секогаш ми укажуваа на грешките кои ги правев како мал, а секако дека и сега ме советуваат за работи кои гледаат дека не се во ред, со цел да се поправам на подобро. Во основа моите родители се како и сите нормални родители кои мислат само добро за своите деца. Никогаш за ништо не сум им замерил, ниту ќе им замерам, бидејќи благодарен сум им што ми дозволиле да го работам тоа што најмногу го сакам и воедно ме подржуваат во тоа.

РР: Што би им порачал на сите родители?

Влатко: Да ги сакаат своите деца, да се грижат за нив, да ги учат на добри работи, бидејќи тие се образот на секој родител. Да го слушаат инстинктот на своето дете и во иднина кога ќе дојде време да го подржуваат во тоа што ќе го прави.

РР: Што е најново кај тебе,што да очекуваме воследниот период?

Влатко: Најново од мене е новиот сингл “ Нема да е крај на светот “, а секако и неговиот видео запис кој се врти по сите медиуми ширум државава. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, со кого веќе долго време соработувам, а текстот е на неговата сестра Магдалена Цветкоска. Спотот го правеше режисерот на Продукција Република, кој ги направи и моите претходни два спота. Наскоро ќе излезе мојот нов албум, кој нестрпливо го очекувам. Се надевам дека на публиката ќе и се допаднат моите нови песни, а можеби некој и ќе се пронајде во нив.

РР: Поврзано со твојата песна “Сонце не ме грее” сејави прашањето дали Влатко кога е заљубен соцето потопло го грее? Што е за тебељубов? 

Влатко: Љубовта за мене е најубавото чувство кое човек може да го има. Таа ти дава сила, енергија, желба да направиш нешто за себе и за оној во кој си заљубен. Кога си заљубен мислиш дека светот е твој и дека можеш се да направиш, дека не постојат никакви пречки и дека сонцето потопло грее.

РР: Кое е твоето мислење занашата Рингераја.мк?  

Влатко: Одличен сајт кој треба често да го посетуваат сите родители, но и оние кои очекуваат принова во семејството. И не само тие. И младите можат да најдат интересни информации на Рингераја.мк.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го научите Вашето дете на добри вр...
Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредноти.
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Врзете се и возете!
Сигурносниот појас е најефикасна направа за заштита на патникот во автомобилот и во останатите превозни средства, и најд...
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?