|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Марија Чапе - психолог и ЕФТ практичар

Марина Кљајиќ Петковски, 19.11.2022
Со големо задоволство ви го пренесуваме разговорот со Марија Чапе,психолог и прв сертифициран ЕФТ практичар во Македонија

image
/11


Живееме во пост пандемиски период, недалеку од нас владее војна. Траумите стравот и неизвесноста дополнително предизвикуваат стрес, кои е и онака застапен во модерната ера на живеење. Како што при првите симптоми на настинка посегнуваме по витамини и посетуваме лекар, од особена важност е грижата и за нашето ментално здравје. Одлуката една личност да посети психолог, подразбира одлука за грижа за себе, давање лична поддршка и позитивна промена во својот живот. 

Со големо задоволство ви го пренесуваме разговорот со 
Марија Чапе,

психолог и прв сертифициран ЕФТ практичар во МК.

Рингераја: Зошто ја избра оваа професија?

Марија: Мислам дека оваа професија ме одбра мене. Некако целосно се најдовме. Знаете, јас не верувам во случајност и дефинитивно како што зборувам сега во мојата обука, верувам дека душите си го наоѓаат својот пат кон внатрешен мир. Мојата душа ова го барала, бидејќи е благослов да бидете дел од нечија среќа, тоа нема цена.

Рингераја: Од искуство, дали психотерапијата се' уште претставува табу тема или луѓето се насочуваат кон грижа за духовното здравје?

Марија: Па би рекла дека сериозно добро напредуваме. Веќе не е толку табу да се побара помош од психолог колку што е табу да се сподели тоа. Верувајте, би биле многу посреќни како единки во овој прекрасен универзум кога би знаеле што е наша работа и би биле насочени само на тоа. Никогаш не заборавајте дека секој во себе скротува некоја бура, додека ве прашува за вашата.

Рингераја: За жал, се' уште се поистоветуваат поимите психолог и психијатар. Која е разликата?

Марија: И двете професии се комплексни, но благородни на свој начин. Многу е важно да го пронајдете својот психолог или психијатар. Имено, психијатар е доктор кој регуларно завршил студии по медицина па специјализирал психијатрија, работи со пациенти преку медикаментозна терапија со разговор и опсервација. Додека психолог е доктор за душата, односно се занимава со менталните процеси, свесни или несвесни. Работи со клиенти преку советодавна терапија без медикаменти.

 

 

Рингераја: Кога една личност треба да посети психолог?

Марија: Порано на ова прашање барав некој соодветен одговор, односно барав причина. Но, сега би рекла СЕКОГАШ! Зошто треба да има причина за да разговараш со некој за мирот во својата душа, треба да го немаш па да го бараш? Не! Мислам дека психолог со време треба да стане матичен...нема поубаво и поолеснувачко чувство од тоа да можеш да споделиш се што ти тежи со некој со кој не си емотивно поврзан, а притоа е целосно насочен на тебе. Сите ние имаме потреба да бидеме слушнати и тоа е во ред, треба да си го дозволиме тоа. Не чекајте, секој момент е соодветен за да се ставите себе на прво место на вистински начин.

Рингераја: Што да очекува клиентот кој прв пат се јавува кај психолог?

Марија: Телото е куќа на нашата душа. Наша работа е да и помогнеме на нашата душа да и биде удобно во куќата. Процесот е индивидуален, но кога секој ќе си го пронајде својот психолог тоа е како конечно душата да се сместува во најудобниот агол од куќата. И тоа чувство е поголемо од сите очекувања, да ти биде душата на место нели?

Рингераја: Како во секојдневниот живот да се грижиме за менталната хигиена?

Марија: Иако живееме во свет во кој менталното здравје е најмногу на удар, за среќа технологијата ни овозможи да имаме се подостапни методи за самопомош и помош од стручно лице. Има многу профили како мојот zero_limits_psychologist на кои нудиме многу совети и насоки за тоа како секој да си се пронајде во хаосот како и неминовно работа со психолог. Јас сум многу посветена на енергетската психологија за која понатаму во интервјуто ќе објаснам и на мојот профил може да се најдат многу начини за помош кои нудат и практичен момент, многу препораки за книги, искуства од клиенти и магичната обука која е во тек. Грижата за менталното здравје е најубавото нешто кое можеме да си го дадеме на себе и секој заслужува да го стори тоа.

 

 

 

Рингераја: Бременоста и мајчинството се голема промена во животот на родителите, особено на жената. Појавата на постпородилна депресија е тема која заслужува внимание. Кои се знаците на истата?

Марија: Токму на оваа тема имам посветено неколку постови на мојот профил. Честопати велам кога жената станува мајка таа има една главна обврска, бебето. Мајката е потребна на бебето, додека сопругот (таткото) и' е потребен на мајката. Тоа е несвесен процес на многу измешани емоции во кои жената еден период се идентификува со улогата на мајка значително и ја занемарува жената во себе. Промена на приоритети, нова одговорност, околина која сугерира, страв, грижа, хормони, промена на телото,промена на душата бидејќи засекогаш е отворено место за уште една душа во неа. Многу малку се негува овој процес низ кој минува жената и затоа се случува внатрешен конфликт. Жената е свесна дека не е ни прва ни последна и дека треба да може се, но едноставно за неа секое искуство е ново и различно. Жената по природа има силно изразена интуиција особено кога станува мајка и мислам дека клучот е да си го слуша тој внатрешен глас....по првите неколку непроспиени ноќи, исцрпеност која не поминува ни со спиење е веќе знак дека и треба помош и поддршка. Но, не само за бебето туку за себе. Разговарајте многу, бидете искрени со себе и со своите партнери, споделувајте ги емоциите, празнете ја душата, делете го товарот....заслужувате, заслужуваме и тоа како. Жени, мајки, кралици!

Рингераја: Како мајката да не чувствува вина и грижа на совест кога го остава детето со други или во градинка?

Марија: Така што мајката ќе почне преку работа на себе да ја оживува жената во себе. Ќе почне да се спознава и прифаќа себе во новата улога и ќе почне да си повторува дека среќна мајка е среќно дете и дека сепак најдобрата лекција за децата е да станат независни и млади луѓе. Всушност, што им советуваат сите мајки на децата? Да бидат силни, храбри, да се радуваат, да се грижат за себе, да живеат исполнето, да не се оптоваруваат со минливи работи, да се сакаат себе.... Епа како децата ќе научат да го прават сето ова без да го видат?

Рингераја: Твој совет и насока до родителите кои се соочуваат со дете жртва на врснички булинг?

Марија: Детето кое врши булинг и детето врз кое се врши булинг се нечии деца. И тоа потекнува од дома. Родители, разговарајте многу ама многу, многу со вашите деца. Нека учат да грешат и да паѓаат, да бидат поразени со крената глава, да простуваат и да бидат благодарни. Мојата мајка вели....јас зборував, зборувам и ќе зборувам кога твојот ум ќе биде подготвен ќе го слушне тоа што треба. А, децата кои се изложени на ова без размислување треба да посетат детски психолог, таму ќе имаат можност да се отворат, да споделат, ќе бидат поттикнати и ќе им се создаде еден поинаков поглед кон животот. Денес е срамно само да не се побара помош, затоа што има методи и може да се спаси нечија душа.

Рингераја: Живееме во пост пандемиски период, недалеку од нас владее  војна. Траумите стравот и неизвесноста  дополнително предизвикуваат анксиозност. Како да останеме присебни во овие моменти?

Марија: За оваа тема имам и видео обработено на мојот профил, сметам дека сите имаме одговорност во овој процес и сите можеме и треба да придонесеме. Кога само ќе разбереме дека со секоја мисла, секое однесување и постапка ние придонесуваме за општото добро и правиме пат на светлината во овој универзум, тоа е доволна причина за да не се откажеме. Достапни ни се психолози, книги, едукации, обуки наше е само да ја прифатиме одговорноста и да почнеме да му даваме љубов на се околу нас и на самите себе. И не, не е мала промена ако не има во што поголем број. Никогаш не ја занемарувајте моќта на мислите.

Рингераја: Како да ја препознаеме и да се ослободиме од анксиозноста?

Марија: Анксиозноста е некаков аларм кој ви кажува дека предолго сте во некој процес кој не е добар за вас. Ве информира дека е време да преземете акција и одговорност за својот живот. Марија: Анксиозноста ќе ја препознаете тогаш кога ќе почнете ненадејно да чувствувате емоции кои не ви се познати, кои ве вадат од зоната на комфорот и кои ве носат кон промена. Всушност, иако е тешко да се прифати, анксиозноста ве носи кон подобро иако тоа не изгледа така...таа ве прави победници.

Рингераја: Ти си прв лиценциран ЕФТ практичар во земјава. Кажи ни нешто повеќе за ЕФТ. За кого е наменето?

Марија: Дојдовме до магијата во мојата работа. Како што погоре напоменав ЕФТ припаѓа на енергетска психологија и претставува емоционално фокусирана терапија. На мое огромно задоволство јас сум прв психолог и ЕФТ практичар овде. ЕФТ е нешто посебно, во мојот живот и во животот на сите мои клиенти до кои допрело. Имено, станува збор за процес на тапфирмирање преку конкретни точки кои се наоѓаат на нашето лице и тело. Сите тие точки се поврзани со соодветни органи и со завршетоци во нервниот систем. Преку соодветна афирмација наменета за соодветна точка (процес на тапфирмирање) ние ослободуваме непотребен материјал од нашиот систем, како тежина, страв, траума, анксиозност, одредена физичка болка,немир, напнатост....и што уште не. И потоа внесуваме материјал кој ни е потребен и ни прави добро нам. Со ЕФТ како алатка во мојата работа се постигнуваат сериозно добри резултати, наменет е за секого и за секоја тематика. Се почнува од ослободувањето....кога умот ќе се разбистри има можност да гледа во насока на решението, наместо во проблемот. 

Рингераја: Многу често за појавата на некоја физичка болест, лекарите констатираат дека е на нервна база. Кажи ни нешто повеќе околу психосоматските заболувања и како да ги препознаеме причинителите и најважно, како да се лекуваме?

Марија: Одлично прашање кое ме надоврзува на ЕФТ. Имено, често слушаме дека некој при стрес има болки во желудник, главоболки или стегање во гради итн. Потоа одредени дијагнози се темелат на стрес и како препорака добиваме да одбегнуваме стрес. А што е стресот? Емоција! Е таа емоција и многу такви како неа, заробени....опстануваат во нас и создаваат свое место, на тоа место создаваат физичка сензација или болка затоа што не ги бери затоа што бараат излез. Како што се чисти нашиот организам по биолошки пат, така ни е потребно и емотивно чистење или празнење токму тоа и е намената на ЕФТ да не ослободи од се што е наталожено, а повеќе не припаѓа таму.

 

Рингераја: На твојот Инстаграм профил постојано објавуваш многу корисни информации од твоето стручно знаење. И таму си достапна за онлајн советување со клиенти? Како се одвиваат сесиите?

Марија: Да, на мојот профил сум често присутна и во секојдневна комуникација со моите клиенти како и со сите потенцијални. Во тек е и обука која верувам дека ќе биде промена за животот на секој кој ќе ни е се приклучи. Секој кој е заинтересиран може да ми се обрати и ќе ги добие сите потребни информации за начин на работа, психолошкото советувалиште се вика КЛУЧ, а профилот ТВОЈ ПСИХОЛОГ. Имам девојка која ми помага и прилично брзо секој ќе добие одговор. Индивидуалните сеанси и ЕФТ третманите се одвиваат онлине во топла и пријателска атмосфера. Слободно обратете ми се, заедно сме посилни.

Рингераја: Кажи ни нешто повеќе за обуката?

Марија: Обуката е на тема ОТКЛУЧИ ЈА СВОЈАТА ЗАРОБЕНА ДУША. Долго ми стоеше замислата во главата и многу сум среќна што се реализира. Вклучува вежби, техники, визуелизации и најбараните ЕФТ третмани. Имено, обуката настана поради преголем интерес и мојата желба да бидам достапна за што поголем број клиенти. Обуката е во форма на снимени видеа кои после уплата на клиентите ќе им бидат достапни 24/7 од 25 ноември до 25 јануари. Видеата не се снимки или извадоци, туку сум лично јас и го водам целиот процес низ кој минуваат клиентите. Имаме и група на facebook за поддршка и дополнителни насоки. Наменета е за секој кој има потреба да се ослободи, да си ја олесне душата, да се надогради, да работи на себе, да работи на своите заробени емоции, стравови, трауми едноставно за секој кој е подготвен да влезе во една магична димензија на живеење.

Рингераја: Твоја порака до читателите

Марија: На крајот овие работи се најважни: Колку вистински сте сакале? Колку целосно сте живееле? Колку длабоко сте простиле? Затоа сакајте, живејте, љубете и простувајте....најмногу себе за да можете и на другите. Запомнете секој го дава тоа што го носи во себе.

Рингераја: Благодариме Марија за издвоеното време и исцрпните одговори.

Марија: Благодарам Рингераја за оваа прилика.

Драги читатели, се надеваме дека уживавте во овој разговор и веруваме ве поттикнавме да размислите за работа на себе. Марија ве очекува за сите дополнителни прашања и информации.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

На кафе кај авторката Мирјана Проданова
Книгата „Сопругата на детективот ", во издание на Сакам Книги е првенче на авторката Мирјана Проданова. Книга за која д...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vi se slucilo nekogas da nemate sto da oblecete,iako plakarot vi e prepoln so garderoba?

Da (80%)

Ne (0%)

Ponekogas (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!