|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Homo balkanikus – идеал на машкоста

Редакција Рингераја, 5.6.2012
Неизбежниот златен ланец, клучеви од Мерцедес и најмалку два најмодерни телефони треба да и се покажат на дамата, пред тој да проговори...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Германските жени во новинарските статии филозофираат за тоа дека локалните мажи се многу срамежливи, неодлучни и феминизирани. Homo balkanikus нема такви проблеми, кажува Габриела Шуберт, со потекло од Унгарија. Неговиот заштитен знак е мачо ставот. “Homo balkanikus е тип на маж коj е произлезен од политичкиот пресврт и тоа од различни средини и еден дел, за жал, од сомнителни околности. Тој ги искористил хаосот во својата земја и на различен начин дошол до богатство.”

 

Секс бомбите во прв план

“Тие патишта не се секогаш легални, голем број на мажите од новата елита имаат потекло од криминалното милје. Носат “фенси одела” и се претставуваат како модерни мажи, макар што нивните претстави за спротивниот пол останале некаде во минатото. Користат најмодерна технологија и истовремено негуваат мачо однесување, а жените ги избираат по својот сексуален вкус.”

Во прв ред се работи за секс бомби, кои на радост на homo balcanicus ги истакнуваат своите гради во тесна облека. Таквите обрасци не се непознати во западните земји, но се чини дека  жените во југоисточна Европа се повеќе подготвени да се прилагодат кон очекувањата на мажите во облекувањето и во кујната. Нивните мајки и баби често несвесно ги упатуваат на такво однесување.

 

Класичната улога на мајката не е изменета ниту во социјализмот

Жените работеле со полно работно време, па потоа ги чекала домашната работа и одгледувањето на децата. Homo balkanikus немале многу задолженија, уживале во пиењето пиво пред телевизор, додека нивната драга се грижела за валканиот веш.

Денес е слично, од жените се очекува да заработуваат, да бидат совршени домаќинки и да изгледаат еротски. Пожелно е да одат на штикли и во мини сукњи со децата на игралиште.

Но традиционалната поделба на улогите полека се менува. Младите жени од југоисточна Европа се' почесто патуваат во странство и можат да видат дека постојат и други типови на жени: кои се однесуваат во согласност со индивидуалните потреби.

Можеби во иднина на homo balkanikus  ќе му биде се потешко да пронајде партнерка.

 

 

Затоа бидете внимателни кога ќе Ви засветка златен ланец на неговиот врат и кога ќе Ви затропаат клучеви од Мерцедес. Можеби овој мачо маж и не е толку совршен...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

На кафе кај Илина Јовановиќ-Јаковчевска
Илина Јовановиќ-Јаковчевска е Скопјанка која животот ја одвел во Германија. Пишува и твори поезија од основното училиште...
6
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
3
Кои се најдобро облечените жени во 2015?
2015-та година е речиси при крај и време е за посетување на сите оние извонредни нешта на кои бевме сведоци...
3
Класиката е секогаш во мода - Bella капути
Класиката никогаш не излегува од мода. Да, зборуваме за Bella, бренд кој е добро познат по својата линија на зимски капу...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste ljubitel na cveke?

Da (83%)

Ne (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!