|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Др. Иванка Стефановска

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Др. Иванка Стефановска, ортопед во првата општа приватна болница Ре-медика.

image
/11


РР: Накратко нешто повеќе за Вас и вашето долгогодишно искуство (Тренинзи и курсеви: 9 стручни претстои во странство; Области од посебен интерес: детска ортопедија, остеопороза, хирургија на шака; долгогодишно работно искуство)

Др. Иванка: Мојата професионална активност во областа на ортопедијата започна во 1984. Ортопедија, како специјалност беше избор кој ги задоволуваше моите потреби да работам хируршка гранка (нешто што го одлучив уште во тек на студиите), но и да биде компатибилна со мојот живот како мајка и сопруга. Морам да признам дека годините минати како ортопед навистина ме исполнија потполно и сосема уживам вршејќи ја својата работа. Одбрав подрачја од ортопедијата кои се компатибилни со женската природа – детска ортопедија, хирургија на шака и остеопороза. Ваквиот избор ми дава можност во својата секојдневна работа да имам средби со пациенти од сите возрасти што ја прави работата разновидна и интересна.

Секако, едукацијата и остручувањето за определени ортопедски проблеми е поврзано со стручни престои во странство, постојано следење на новините во областа од интерес и проценка на своето работење преку изложување на резултатите на стручни собири. Таа постојана динамика ја прави работата како лекар професија што многу бара, но во исто време и многу дава.

РР: Што за Вас претставува семејството? Колку родителите треба да вложуваат во воспитувањето за да ги изведат децата на прав пат?

Др. Иванка: Секоја жена колку и да се реализира себе си во својата професија, пред се својата реализација ја постигнува во рамките на семејството. Семејството е основната единка на општеството и претставува многу важен чинител во градењето на општеството. Ова е дотолку позначајно во општества во транзиција, како што е нашето, кога семејството останува единствен цврст ослонец за младите луѓе. Родителството од друга страна претставува и должност да се подигнат здрави личности кои ќе можат да се справат со животот што им претстои. Сметам дека најважната инвестиција на секој родител се неговите деца и она што ќе го вложи во нив.

РР: Во која мера кариерата на родителите влијае врз децата?

Др. Иванка: Жените со професија се неизбежно постојано поделени помеѓу работните обврски и обврските во семејството, односно грижата за децата. Но, и покрај тоа што кариерата влијае на децата, сепак, исполнувањето што го добиваме со професионалниот ангажман сметам дека позитивно влијае и на односот со децата. Човек едноставно учи да наоѓа време и начин да го компензира тоа што смета дека треба да им го пружи на децата. Сметам дека постигањето на рамнотежа на обврските е најдобриот начин за добри резултати на семеен и професионален план.

РР: Што Ви е најважно да ги научите своите деца?

Др. Иванка: Најтешко е да се постигне правилно воспитување на децата. Тоа е тежок и макотрпен процес во кој треба да бидете истрајни, но постојано да го барате патот  со кој најдобро ќе влијаете на вашите деца, а при тоа сепак да им оставите доволно простор да бидат свои.

Најважно е децата да бидат сигурни и самостојни да се свесни дека само со свој труд можат да обезбедат иднина каква што посакуваат. При тоа, не смеат да бидат нечуствителни за  луѓето околу себе стремејќи се кон својата цел. Само на тој начин ќе бидат здрави и самостојни личности.

РР: Како реагираат децата кога поради обврските Ве нема подолго во домот?

Др. Иванка: Моите деца се веќе возрасни така што веќе се навикнаа да ме нема дома заради професионални обврски. Сега е поедноставно бидејќи тие се посамостални. Но, кога децата беа мали многу често отворено го покажуваа незадоволството заради моите отсуства. Тоа е можеби и главната причина што често пати и јас како и моите колешки се чувствуваме поделени помеѓу обврските и чувствуваме грижа на совест заради реакциите на нашите деца. Сепак мора да се објаснува и да се разговара со децата за да се надминат нивните незадоволства. И секако, во такви случаи огромна е помошта на сопрузите кои помагаат во надминувањето на таквите моменти.

РР: Дали е тешко да се биде истакнат доктор и успешен родител?

Др. Иванка: Не е лесно но секако многу исполнува. Чувството на исполнетост дава енергија да се оди напред и да се постигнуваат поголеми успеси. Сепак ние лекарите имаме привилегија и работиме со луѓе- тоа е голем мотив и голема чест.

РР: Што мислите за порталот Рингераја?

Др. Иванка: Сметам дека информациите што ги добиваат родителите на овој начин се од голема корист и во голема мерка го олеснуваат родителството. Убаво е кога родителите имаат можност да бидат информирани  да разменуваат искуства и да направат соодветна консултација. За нас, како професионалци, сметам дека претставува одлична можност за пренесување на одделни важни и корисни информации и реализирање на една од нашите професионални обврски, а тоа е здравственото просветување.

Превенција на дебелеење кај децата
Зошто прекумерната телесна тежина кај децата се смета за здравствен проблем? Што можете како родител да направите за да ...
35
Шејкови за добар почеток на денот
За добар почеток на денот потребен е добар појадок. Појадокот е најважниот оброк во денот и оброк што не би требало да с...
9
Зошто децата седат, молчат и се плашат од ...
Др. Ранко Рајовиќ предупредува
6
Мали тајни на задоволните мајки
Дали сте забележале дека некои мајки изгледаат многу задоволно и сигурно во улогата на мајка, а некои се хронично уморни...
6


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
Jana9

Dali psihicki se podgotvuvate pred da planirate da doneset_e na svet nov clen ?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!