Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Што е опструктивен бронхитис?
Бронхоопструкција значи стеснување на дишните патишта, низ кои отежнато поминува воздухот, па детето кашла и отежнато дише. Причинител може да биде вирусна инфекција, или алергиска реакција. Секретот кој се јавува како последица на оваа болест, дополнително ја намалува проодносна на дишните патишта.
Како делува лекот Salbutamol (Ventolin)?
Salbutamolot е претставник на групата лекови кои ги шират дишните патишта, па затоа се нарекува бронходилататор. Тие делуваат на кружниот мускул во бронхиолите, го ослободуваат и така овозможуваат проток на воздух низ дишните патишта. Затоа на вашето дете му е веднаш по инхалацијата подобро. Во помала мера лекот ја намалува и количината на секрет во дишните патишта.
Кој е најефикасен начин на примена на лекот?
Убедливо најдобар и најефикасен начин на примена на лекоте инхалаторна терапија. На тој начин лекот директно се уфрла во дишните патишта, па ефектот настапува многу брзо. Ако споредиме со лекот во форма на сируп, потребна е далеку помала доза на Salbutamol за инхалација. Сирупот преку цревата се носи во црниот дроб, каде што се разградува дел од активната супстанца, па она што ќе остане во крвта ќе стигне во белите дробови. Затоа е потребно детето да се напие повеќе лек, отколку што е потребно за инхалација.
Начинот на примена на лекот зависи од тежината на опструкцијата. Кај полесните форми сирупот е прифатлива и едноставна терапија која успешно го решава проблемот. Кај децата со средно тешки и тешки опструкции, инхалацијата е задолжителна. Еден од главните клинички показатели за тежината на бронхоопструкцијата е првичната реакција на Salbutamol - ако на детето му се подобри состојбата по инхалацијата, значи дека се работи за полесна форма на заболувањето. Затоа не треба да се сомневате во изборот на терапја која ја одредил вашиот педијатар.
Секако, ваша обврска е да ја следите состојбата на детето, бидејќи постои шанса и покрај терапијата болеста да се влоши. Тогаш повторно треба да се јавите кај педијатарот кој ќе процени каква а состојбата на детето и ќе ординира адекватна терапија. Секоја следна инфекција која е попратена со кашлица, треба да се провери кај педијатарот, за да се исклучи повторување на бронхоопструкцијата.
5
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога во домот пристигнува новиот член, вашето бебе, доаѓаат љубов, хао...
Силата на самохраните родители
Самохраните родители се луѓе кои секојдневно живеат живот составен од ...
Градење самопочит преку мали, секојдневни моменти
Знаете ли дека самопочитта се гради пред детето да наполни седум годин...
Хормонални промени и дебелеење
Многу луѓе забележуваат дека качуваат килограми и покрај тоа што немаа...
Зошто е важно да се вежба во бременоста?
Зошто трудниците треба да се движат? Одговорот е поважен отколку што м...