|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Може прилично да Ве шокира кога ќе чуете дека Вашето дете пцуе. Се прашувате каде и од кого слушнало такво нешто и дали разбира што зборува? Начинот на кој ќе изреагирате првиот пат, ќе влијае на неговото пцуење во иднина.

image
/11


 

 

Зошто децата пцујат?

Децата на возраст до шест години обично пцујат бидејќи го истражуваат јазикот. Тестираат нови зборови за да го разберат нивното значење, но преку пцуење можат да изразат чувства како фрустрации, или едноставно ги изговараат бидејќи звучат смешно и предизвикуваат реакција кај другите. Децата можат да ги имитираат и другите како пцујат.

 

Што да направите?

Најефектен начин за да излезете на крај со овој проблем е во потполност да го игнорирате пцуењето на Вашето дете. Без зборови и без погледи. Ако Вашето дете вака се однесува бидејќи бара внимание, ова е најдобар начин детето да престане да го прави тоа.

Вашата реакција ќе влијае на тоа дали детето повторно ќе пцуе. Најдобро е да останете смирени. Ако Вашето дете продолжи со пцуење, а сметате дека е време да го научите што значат зборовите кои ги изговара, почнете со објаснување дека користи зборови кои ги вознемируваат луѓето. Децата не ги разбираат во потполност сите зборови кои ги изговараат, но разбираат дека со зборови можат да повредат некого.

 

Дали да го објасните значењето на пцовките?

На децата не треба да им објаснувате што значат пцовките, пред да тргнат во училиште. Премногу се мали за да го разберат нивното значење. Доволно е да им кажете дека тие зборови не се убави.

На постарите деца им е доволно едноставно објаснување, макар што и тоа зависи од карактерот на детето. Ако мислите дека има некаква претстава за значењето на пцовките, замолете го да Ви каже. После тоа, употребете општи термини за да му објасните зошто тоа не е прикладно. Можете да кажете “Тоа се зборови кои се користат за интимните делови од телото и не е убаво да ги користат мали деца”.

 

Откријте ја причината зошто детето пцуе

 - Ако пцуе бидејќи е налутено, научете го дека таквите чувства се во ред, но подобро е да се користат други зборови во таков момент.

- Ако пцуе за да се вклопи во друштвото разговарајте за другите начини кои можат да помогнат детето да биде прифатено. Заедно смислете некој “кул” израз.

- Ако фрустрацијата е причина за пцуење разговарајте со детето за чекорите кои може да ги преземе за само да ги реши проблемите.

- Охрабрете го детето да користи други зборови кои не се навредливи. Можете заедно да осмислите некои смешни изрази.

 

 

Други факти за пцуењето

Студиите за оштетување на центарот за говорно - јазични способности во мозокот покажале дека луѓето кои ја изгубиле способноста за говор, или со потешкотии изговараат зборови и понатаму пцујат без проблем. Се мисли дека процесот на пцуење се развива во некој друг центар на мозокот.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Затоа што првите 5 се најважни на свет
ПРИВАТНА ДЕТСКА ГРАДИНКА БАМБИНИ-ОКИТЕКС
5
Велигденска плетенка за празничната трпеза
Плетенката е значаен дел од празничната трпеза, подготвена е од млечно тесто, кое мора да биде цврсто за да правилно и л...
4
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?