Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Можеби не сум најдобра мајка на светот, но среќна сум што имам големо срце. Еве, ќе ви раскажам...
Завршив со своите обврски околу моите деца. Во еден момент се соочив со самотијата. Ќерка ми се омажи и има свое семејство во Германија и има две машки деца. Веќе десет години сме разделени. Син ми се ожени и тргна по својот пат. Се пресели во друг град, бидејќи снаата таму има своја фирма. Така ние останавме сами, а сеуште сме млади.
Немаше кој да тропне на нашата врата и на оваа куќа да и го врати веселиот дух, некој да скокне, да тропне со фиоките и плакарите, или да побара нешто. Едноставно, се што создадовме почна да се гасне. Останавме сами.
Една вечер се сетив на една емисија која говореше дека има многу незгрижени деца, од различни причини. Размислувајќи за нив отидов во центарот за социјална работа и им ја раскажав својата приказна. Една госпоѓа таму ми рече: “Што ќе ти се деца? Ти го заврши своето. Точно е дека државата дава пари за семејствата кои ќе ги згрижат овие деца, но тебе не ти е до пари. Имаш убава куќа, автомобил, имаш и свој магазин... ”
Тогаш се сетив на зборовите на една песна, не знам кој ја пее... и богатите плачат...имаат се' но немаат кој да им се насмевне. Останав на своето барање, се' беше уредно запишано, а јас ја поднесов сета потребна документација.
После тоа чекав долго. Еден ден, кога ми се угаснаа сите надежи за остварување на овој мој сон, осамна необично убаво утро. Заѕвони телефонот. Тоа беше жената од Центарот за социјална работа: “Ало. Дали си подготвена за тоа што го бараше? Има многу деца за тебе, тројца браќа. Ќе го исполнат твојот дом”. Не знаев што да правам, како да реагирам и од каде да почнам. Ми дадоа 24 часа да се подготвам, бидејќи децата не беа од моето место.
Отидов. И имаше што да видам. Три прекрасни момчиња. Тука беа и нивните родители, но не можеа да се грижат за нив. Видов голема сиромаштија и многу, многу глад. Немаше љубов ниту топлина. Но и покрај тоа, се плашев дали некогаш ќе можат да прифатат друга средина, друг дух, друга топлина и друга љубов.
Ги одведов дома. Три недели бдеев над нив додека спиеја. Си велев дека тие никогаш не мора да се навикнат на мене, но јас морам да се навикнам на нив. Но се случи, тие сами посакаа да ме викаат...мама.
Јас и мојот сопруг сме најсреќните луѓе на светот. Имам само уште една желба. Се случи сите во семејството да имаме само машки деца. Син ми и ќерка ми исто така имаат по две момчиња. Во мене има уште сила и можеби еден ден ќе добијаме девојчиња во семејството. Посакувам да ми се исполни таа желба.
Можеби не сум најдобра мајка на светот, но имам срце и душа за овие момчиња.
Извор: Najboljamamanasvetu
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прифаќање на телото после породување
Породувањето е неверојатен подвиг, но телото на жената доживува значај...
Најчести симптоми по месеци од бременоста
Во бременоста телото на жената доживува бројни промени, а симптомите с...
Како да воспоставите рутина за спиење кај бебе?
Спиењето е клучно за здравиот раст и развој на бебето, но за многу род...
Како да се подготвите за породување? Практични чекори
Подготовката за породување е важен дел од бременоста. Добрата подготве...
Најчести причини за машки стерилитет
Машкиот стерилитет е почест отколку што многумина мислат и учествува в...