|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Емотивна фотографија на аутистично дете и куче

Редакција Рингераја, 20.10.2016
Мајка плаче кога ќе види како аутистичниот син се поврзува со своето куче за терапија
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Нема да можете да останете рамнодушни на фотографијата и текстот на Шана Нихаус, мајка на 5-годишно аутистично дете. Во него таа раскажува колку многу ? се променил животот откако нејзиниот син добил сертифицирано куче за терапија.

Шана вели дека поради аутизмот таа не може слободно да му се доближи на своето малечко, да го прегрне и да го искапи, како и дека тоа нема пријатели, затоа што му е тешко да изгради однос со нив. Затоа, моментот кога го видела синот како слободно лежи врз своето куче Торнадо бил толку емотивен за неа. Тоа бил момент кој ја уверил дека во иднина сè ќе биде во ред.

Мајката ја споделила својата приказна, бидејќи премногу луѓе не знаат за позитивниот ефект кој кучињата го имаат врз децата со аутизам, но најверојатно не очекувала дека постот ќе стане вирален хит на социјалните мрежи.

„Не знам зошто, но луѓето сè уште нè прашуваат зошто понекогаш им даваме кучиња за терапија на децата. Дозволете ми да ви помогнам да сфатите преку мајка која го знае тоа од прва рака“ – пишува на сајтот на „4 Pows For Ability“, организација која тренира кучиња за да им помагаат на деца со специјални потреби.

 

1

 

Го гледате овој момент? Никогаш не сум искусила момент како овој. Вчера беше првиот ден кога мојот 5-годишен аутистичен син го запозна своето куче за терапија за аутизам, Торнадо.

Оваа фотографија го прикажува лицето на мајка која го гледа своето дете, кое не може да го прегрне, искапе, облече, гушне и допре, како слободно и своеволно лежи на своето куче за терапија со умислена, молчалива поврзаност. Ова е лицето на мајка која го видела својот син како искусува безброј неуспешни социјални интеракции во детскиот парк во обид да си најде пријател. Каков било пријател. Каква било врска. Таа седеше со синот додека тој плачеше навечер со месеци затоа што нема постојана врска надвор од семејството, независно колку напорно работи на своите терапии за аутизам. А сега таа седи зад него, тивко гледајќи го овој момент кој ? го истиснува воздухот од градите и ја остава без зборови.

Вреди секоја борба за да се добие куче за терапија за мојот син, секоја дијагноза, секој потрошен долар, секој пополнет документ, секој училиштен состанок, секоја пролеана солза, секој чекор напред, секој чекор назад, секое прашување за непознатата иднина. На некој начин, поради ова, поради Торнадо, јас знам дека сè ќе биде во ред. Како мајка, сум видела безброј предизвици и болни моменти со кои се соочил мојот син и безброј за кои плачел. Но вчера, јас плачев поради друга причина. Тоа е чувство кое не може да се опише.

 

Текстот се рашири онлајн, многу други мајки споделија фотографии од своите деца со посебни потреби, заедно со нивните најдобри пријатели – кучињата. Еве дел од коментарите:

„Кучето му даде на мојот син зборови... Големи прегратки за оваа мајка. Ние се молевме за овој момент и Бог ни испрати куче.“

 

1

 

„Ова е мојот 11-годишен син (од аутистичниот спектар) и неговиот најдобар пријател Елиот. Син ми ретко спиеше навечер додека овој голем воин не пристигна во неговиот живот.“

 

2

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие ќе прават добри избори и со самото тоа ќе бидат д...
4
Бракот по децата
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за секој пар.
4
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пр...
4
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4




Анкета

Кое име е поубаво:
Antimona

Кое име е поубаво:

Миха (46%)

Анџело (54%)


Број на сите гласови: 41

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!