|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Еден ден, кога јас ќе имам син...

Редакција Рингераја, 17.10.2016
Мил мој, не мораш да бидеш инжињер. Не мораш да бидеш адвокат. Не е важно што ќе бидеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш психолог? Браво! Спортски коментатор? Напред! Кловн во трговски центар? Одличен избор!”
Клучни зборови:

image
/11


 

Еден ден кога јас ќе имам син, ќе се обидам да го направам токму спротивното од тоа што го прават другите. Од неговата трета година ќе му го зборувам и секогаш ќе му го повторувам истото: “Мил мој, не мораш да бидеш инжињер. Не мораш да бидеш адвокат. Не е важно што ќе бидеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш психолог? Браво! Спортски коментатор? Напред! Кловн во трговски центар? Одличен избор!”

А тогаш на неговиот триесетти роденден ќе ми дојде тој сладок, дебелкаст кловн, со црвен нос и нашминкано лице и ќе ми рече: “Мамо, имам 30 години и сум кловн во трговски центар. Дали ваков живот сакаше за мене? Каде ти беше паметот и зошто ми рече дека не ми е потребно високо образование? Какво е твоето објаснување мајко, зошто ме тераше да си играм со другарите, наместо да пишувам домашна по математика?”

А јас ќе му речам: “Душо, јас само се обидував да бидам добра, внимателна мајка. Не сакав да те присилувам на ништо. Видов дека математиката не те интересира, а толку многу уживаше да си играш со другарите”.

На тоа тој ќе одговори: “Не знаев ништо подобро. Бев дете. Не бев во позиција било што да одлучувам. Но ти, ти ми го уништи цел живот”. И тој ќе си ги избрише солзите и ќе го размачка цело лице.

Тогаш ќе застанам на нозе, ќе го погледнам во очи и  ќе му речам: “Слушај ме сине. Постојат два вида на луѓе на овој свет: оние кои го живеат својот живот и оние кои постојано обвинуваат.”

Тој ќе извикне: “Ах” и ќе се замисли. Психолошкото советување после овој разговор ќе трае пет години.

 

Или ќе се случи вака. Еден ден кога јас ќе имам син, јас ќе го правам се она што го прават и другите мајки. На три годишна возраст постојано ќе му повторувам: “Биди паметен сине, размислувај за својата иднина. Напиши домашна по математика. Не сакаш да го поминеш својот живот како телефонски оператор.”

И тогаш, на неговиот триесетти роденден ќе дојде кај мене – целиот испотен, проќелав, програмер со бела коса и длабоки брчки на лицето и ќе ми рече: “Мамо, имам триесет години, работам во Google дваесет часа дневно, немам семејство. Каде ти беше паметот мајко кога ми велеше дека добрата работа може да ме направи среќен? Што сакаше да оствариш кога ме присилуваше да студирам математика?”

А јас ќе му речам: “Душо, јас само сакав да имаш добро образование. Сакав да бидам сигурна дека ќе ти бидам достапни сите можности и дека ќе имаш добра репутација.”

Тој ќе одговори: “Каква е таа проклета репутација мајко кога се чувствувам толку бедно.  Одам покрај кловновите во трговскиот центар  и им завидувам. Тие се среќни. Можев да бидам на нивно место, знаеш. А ти, ти ми го уништи животот. И со рацете ќе ги избрише солзите под наочарите.”

Тогаш ќе застанам на нозе, ќе го погледнам во очи и  ќе му речам: “Слушај ме сине. Постојат два вида на луѓе на овој свет: оние кои го живеат својот живот и оние кои постојано кукаат.”

Тој ќе извикне: “Ах” и ќе се замисли. Психолошкото советување после овој разговор ќе трае пет години.

 

Но, може да се случи и вака. Еден ден, кога јас ќе имам син, јас ќе се обидам да направам се на едноставен начин. На возраст од три години, јас постојано ќе му повторувам: “Јас не сум овде за да мудрувам, јас сум овде за да те сакам. Ако сакаш совет, тогаш душо моја оди кај татко ти. Јас не сакам да бидам таа која ќе донесе конечна одлука.”

И тогаш, на својот триесетти роденден, ќе дојде кај мене испотениот и проќелав филмски режисер, со меланхоличен поглед во очите и ќе ми рече: “Мајко, имам триесет години и откога бев мал се обидував да го привлечам твоето внимание. Ти посветив десет филмови и пет главни улоги. Напишав книга за тебе мајко. Но се чини дека ништо од тоа не ти значеше. Зошто секогаш избегнуваше да го изразиш своето мислење? Зошто секогаш ми велеше да одам да го прашам тато?”

А јас ќе му речам: “Душо, не сакав да носам никакви одлуки за тебе! Едноставно се обидував да бидам тука и да ти ја дадам сета моја љубов. Што се однесува до давањето совети, татко ти е многу подобар од мене”.

Тој тогаш ќе ми одговори: “На кој начин ми беа од корист неговите проклети совети, кога единствено сакав да слушнам твој совет?! Целиот свој живот се обидував да го привлечам твоето внимание, мајко. Бев лут и давав се од себе да дознаам што навистина мислиш за мене. Само еднаш мајко! Само еднаш! Но тоа изгледа нема да се случи. Твојата тишина, твојата незаинтересираност, ми го уништија животот.”

И тогаш, како на филм, тој ќе ја стави својата рака на чело.

Тогаш ќе застанам на нозе, ќе го погледнам во очи и  ќе му речам: “Слушај ме сине. Постојат два вида на луѓе на овој свет: оние кои го живеат својот живот и оние кои постојано нешто чекаат.”

Тој ќе извикне: “Ах” и ќе се замисли. Психолошкото советување после овој разговор ќе трае пет години.

 

Овој текст е добра “вакцина” против мајчиниот перфекционизам, против поривот да станеме совршени мајки. Сите треба малку да се опуштиме! Без оглед на тоа колку и да се трудиме да бидеме совршени родители, кога децата ќе ни пораснат и понатаму ќе имаат нешто да му признаат на својот психотерапевт.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
6
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Млади таленти: 5-годишен тапанар од Гевгелија
Повеќето родители не би ви се заблагодариле доколку на нивното дете му подарите комплет тапани. Малите деца создаваа...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?