|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Смее ли мама да биде болна... ?!?!

Слаѓана Арсоска, Pepelaska RR, 14.9.2012
Дневникот на Pepelaska RR

image
/11


 

 

Не се сеќавам кога, последно откако станав мајка, ми било така лошо како овој пат. Сите настинки поминале така од на нога што би се рекло, со некое чајче испиено набрзина и веќе изладено, со витамини и по некое овошје.

Овој пат не беше тоа вирус, нешто како да ми ја зеде силата и ме собори.

Решив грижата за синчето да ја препуштам на тато, кој имаше помош и од баба и дедо.

Легнав , мислев дека никогаш нема да можам да станам. Слушав гласови како од некоја дупка, како да се сите некаде далеку од мене.Можеби и сум заспала. Сонот одамна така брзо не ми дошол, веќе две години заспивам со грижи што и како би било.

Наеднаш ме разбуди прегратката на мојот мал син кој бараше да се гушкаме. Весело дете кое не знае да запре , кое е постојано активно и нон стоп бара нови игри.

Овојпат неговите мали слатки рачиња беа многу топли, а лицето некако мамурно.Го допрев малото чело кое гореше од температура.

Веднаш скокнав, му ја измерив температурата, го истуширав и направив се што треба за таа да спадне.

Детето легна на креветот ми ги подаде рачињата и заспа. Беше уморно и му беше тешко од температурата. Не сакаше ни да јаде ниту да пие.

Се сетив дека и мене претходно не ми беше добро и не можев да јадам па не го терав со сила.

 

Следуваше тешка и долга ноќ, во мислите ми се појави мојата мајка, која секогаш бдеела над мене ако сум била болна, ми менувала облоги, нежно ми пеела.Кога ќе сум ги отворела очите таа била до мене.

Можеби некогаш и нејзе не и било добро, но тоа дури сега ми стана јасно.

 

Ноќта ни помина во мерење на температура, подготовка на облоги, менување, преслекување на пелени и извалкани алишта од сируп и истурен чај, ставање чепчиња и смирување на расплаканото дете.

 

Со последните сили кога веќе сонцето поспано се прозеваше, повторно меревме температура, за среќа ја снема. После тоа сум заспала. Како не знам ни самата. Можеби и не смеев.

Важно е што се помина.

 

А како сум јас?

Тоа  воопшто не е важно.Она што е најважно е тоа дека сум му потребна на едно мало беспомошно суштество кое не знае како само да се избори со болестите , кое не знае што му се случува, кое знае само дека неговата мајка е тука за се, и кога се радува и кога плаче, и кога трча додека му држат нозете и кога лежи болно.

А другото, ќе се заборави...

 

 

Ваша  Pepelaska RR

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 начини за зголемување на IQ на вашето дете
IQ е збор со кој се соочуваме редовно во текот на нашите животи. Како што сугерираат студиите, луѓето со поголемо IQ има...
3
Како да израснете независни деца?
Секој родител сака да го направи животот на своето дете што полесен. Но, она што ќе му го олесните денес, ќе направите д...
3
Синдромот средно дете - мит или вистина?
Ако сте средно дете или имате брат или сестра што е средно дете,или пак сте родители на три или повеќе деца, сигурно ќе ...
3
Училишен прибор за секое дете од домот 11 ...
»Рингераја семејството е и нивно семејство – растеме заедно со децата без родителска грижа! «ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – училиш...
3




Анкета

Најубаво машко име
SandraR

<3

Јован (28%)

Никола (33%)

Петар (36%)

Менде (3%)


Број на сите гласови: 366

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!