|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Добредојде во Холандија

www.sitezaedno.com, 23.5.2011
Често ме прашуваат да опишам какво е искуството да се одгледува дете со ментален проблем – за да се обидам и да им помогнам на луѓето, кои го немале тоа неверојатно искуство да го разберат, да сфатат какво е чувството. Еве вака е.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Пред да се породиш, чувството е како да се подготвуваш за прекрасно патување – во Италија! Купуваш куп туристички водичи и правиш прекрасни планови – да го видиш Колосеумот, Давид на Микеланѓело, гондолите во Венеција. Можеби и ќе научиш неколку фрази на италијански. Сe' е толку возбудливо!

 

По повеќе месеци на возбудено очекување, најпосле доаѓа големиот ден. Ги пакуваш торбите и тргнуваш! Неколку часа подоцна, авионот слетува. Влегува стјуардесата и објавува: „Добредојде во Холандија“!

 

„Холандија?“ – велиш ти, „како тоа ‘Холандија’? Јас уплатив за Италија. Треба да сум во Италија. Целиот живот сонував да одам во Италија!“

 

Но, настанала промена во планот на летање. Си слетала во Холандија и сега мора да останеш таму. Тоа што е важно е дека не те однеле на некое ужасно, одвратно, валкано место, полно со болести, глад и гадотии. Местово, едноставно, е поинакво.

 

И така, мора да одиш и да купиш нови туристички водачи. И ќе се соочиш со сосема нов јазик. И ќе сретнеш групи луѓе кои не си ги сретнала никогаш порано. Местото е поинакво. Нештата се многу побавни отколку во Италија. Но, откако ќе поминеш малку време во Холандија, ќе погледнеш наоколу и ќе забележиш дека во Холандија има ветерници, во Холандија има лалиња, и Холандија го има дури и Рембрант.

 

Сепак, сите кои ги познаваш одат и се враќаат од Италија. И сите се фалат колку убаво си поминале таму. До крајот на животот ќе мислиш: „Да, таму требаше да отпатувам и јас. Така планирав и јас.“

 

А болката, таа нема никогаш, никогаш да замине, бидејќи рушењето на тој сон е значајна загуба.

 

Но, ако го поминеш животот тажејќи за фактот дека не отиде во Италија, можеби никогаш нема да си слободна да уживаш во посебните, убави нешта што ги нуди Холандија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мамо, а како се создаваат децата?!
Кога се соочени со ова прашање, родителите често прибегнуваат кон одговор дека децата ги носи штркот. Ако ви е цел уште ...
4
Фотографии: Кога е жената најубава?
Британската уметничка Џени Луис е автор на серија фотографии на мајки кои ги држат штотуку родените бебиња
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3




Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

Кире (18%)

Димитар (38%)

Јован (43%)


Број на сите гласови: 60

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!