Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
 
                    			   
                    			
Дневен центар за деца со аутизам треба да биде отворен до септември на површина од 479 метри квадратни во Заводот за рехабилитација на деца и младинци Топанско Поле. Со отворањето на центарот се очекува да се подигне квалитетот на животот на овие деца за што се обезбедени средства во буџетот на Министерството за труд и социјална политика.
- Центарот е потврда на нашите напори што ги вложуваме за овие деца да се интегрираат во општеството и да не останат на неговите маргини. Ова докажува дека овие лица не се сами и препуштени на случајноста и дека ја заслужуваат нашата љубов и внимание, истакна ресорниот министер Спиро Ристовски на денешната прес-конфренецвија по повод 2 Април - Светскиот ден на лицата со аутизам.
Дел од лицата со аутизам, посочи тој, ќе имаат можност да го користат дневниот центар каде ќе бидат распоредени во три возрасни групи од по шест деца, од 5 до 10 години, од 10 до 15 години и од 15 до 18 години.
Ристовски рече дека корисниците на центарот ќе имаат организиран превоз во утринските часови, појадок после кој во рамки на своите групи ќе го почнат денот со активности како што се групен и индивидуален третман и рехабилитација, спортско-рекреативни и културно-забавни активности итн.
- Дневниот центар за деца со аутизам има можност за користење сала за спортско-рекреативни активности, како и простории за работилници во кои ќе се спроведуваат работно-окупациони терапии, а ќе биде опремен и со сензорна соба, истакна Ристовски.
Тимот во дневниот центар ќе биде составен од најмалку шест стручни работници со полно работно време, а тие ќе бидат обезбедени со внатрешно распоредување од кадарот кој работи во Заводот.
- Исто така ќе бидат вклучени и практиканти од области релевантни за работењето на центарот. Министерството планира ширење на мрежата на постојните 23 дневни центри за деца со пречки во менталниот развој во оние локални заедници каде што истите не постојат и каде за тоа има потреба, посочи министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Извор: vlada.mk
 4
4
 4
4
 3
3
 3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...


