|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето не сака да оди на училиште?

Редакција Рингераја, 31.8.2018
Одењето во училиште обично е возбудлива и пријатна активност кога децата се мали, но некои од нив можеби имаат зголемен страв или паника. Како треба да ја следите емоционалната состојба на своите деца?

image
/11


Неподготвеноста на децата да одат на училиште може да се појави во секој момент, но ова често се случува помеѓу 5-7 и 11-14 години – време во кое детето треба да се справи со новите промени од основното училиште. Децата можат да развијат парализиран страв од напуштање на безбедниот дом и грижата на родителите. Многу е тешко родителите да се справат со паниката во детството и одбивањето на детето да оди на училиште, но овие стравови и однесувања можат успешно да се третираат со стручна помош.

 

Одбивањето за одење на училиште често следи по летниот распуст, во кој децата стануваат многу приврзани кон своите родители, или по прележана болест. Ваквото однесување исто така може да е последица на стресна ситуација, како смрт на домашно милениче или роднина, замена на училиштето, или промена на населеното место.

 

Работите може да се усложнат и детето да започне да добива главоболка, болки во грлото, стомачни болки, токму пред времето за поаѓање на училиште. Аспектот на болеста му овозможува на детето да остане дома и истото да го повтори следното утро. Во некои случаи, детето едноставно може да одбие да ја напушти куќата. Бидејќи паниката доаѓа од напуштањето на домот, а не од самото училиште, често децата се смируваат веднаш откако ќе им завршат часовите во училиште.

 

 Деца со неразумен страв од училиште можат:

 

• да се чувствуваат несигурни да останат сами во собата

 

• да се држат до своите родители

 

• да изразуваат прекумерна вознемиреност и страв за своите родители или да предизвикаат штета за себе

 

• да спијат тешко

 

 • да имаат кошмари

 

• да имаат фобии од инсекти, да се плашат од чудовишта и крадци

 

• да ги иритира мракот

 

Ваквите симптоми и однесување се чести кај децата со нарушување и вознемиреност од одвојувањето. Потенцијалните долгорочни ефекти (панично растројство и анксиозност кај возрасните) се сериозни за детето кое има постојани грижи и не добива стручна помош. Детето, исто така, може да има сериозни социјални проблеми и проблеми со учењето ако неговите стравови и нервоза го оддалечуваат од училиште и неговите пријатели долго време.

 

Кога стравот продолжува, родителите и децата треба да побараат професионална помош.

Прекумерните стравови и паника на детето да го напушти домот или родителите и да оди на училиште, можат да бидат успешно третирани.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку една сестра може да сака брат?
Малечка е оваа сестричка, има само пет години. Чиниш не знае ништо за љубовта. Мислиш доволни и се играчките, едно чокол...
4
10 здрави ужинки за малите грицкачи
Децата обожаваат да грицкаат помеѓу оброците. Но честото внесување слатки, солени или пржени грицки може да влијае на зд...
4
Зошто бебето или малото дете се буди ноќе ...
Кога ноќта наместо одмор носи солзи и страв, што се крие зад ненадејното будење со плач и како да реагирате смирено и пр...
3
Мамичке, јас ќе плачам кога ќе си легнам в...
Мојот среден син во основно училиште имаше класна која и него и мене веројатно секогаш ќе ни остане во памтење. Ситна, п...
3




Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?

Да. (0%)

Не. (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!