Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Се појави за прв пат во мислите на една тинејџерка која штотуку го осознаваше животот. Не ти го знаев името, не ти го знаев ликот тогаш, но знаев дека еден ден ќе те имам покрај мене. Уште во тоа време кога помислував за ТЕБЕ чувствував топлина во душата.
Разиграна од бурите, носена од ветровите на животот, бранувана безброј пати, се’ дури не го видов патоказот на моето постоење. Телото ми застана во едно место кога го здогледа НЕГО, а здивот ми подзапре од неговиот допир. Ко вода за жеден патник беше за мене тој, ко за птицата ветер од југ...Осетив дека е вистинскиот! Со него го изодив патот за да стигнам до ТЕБЕ. Те создадовме со многу љубов, чиста и искрена љубов.
По моето срцебиење, по сјајот во очите кога ќе се погледнев во огледалото, по насмевката што не ми се тргаше од лицето, знаев дека си во мене. Секоја клетка од моето тело живееше за тебе. Твоето мало срценце чукаше во ритам со моето. Толку бев спокојна што те имам во мене, задоволна бев што те чувствував под моите гради, но толку нестрплива да те држам во прегратка.
Со твоето раѓање и јас повторно се родив, влегов во поинаков свет, во нова димензија. Себично те чував до мене, те галам, гушкам и бакнувам. Моите очи повторно сјаат, насмевката пак е присутна на моето лице, телото уште ми игра од радост...секој ден! Ти постоиш за да ми го боиш денот во розево, да носиш светлина во домот. Тоа ѕвонливо гласче одекнува во просторот, неговото ехо секогаш е во мојата глава. Љубопитните рачиња насекаде оставаат траги од прстињата, твојата детска игра е раширена наоколу, јас живеам во твојот магичен свет.
Насмевката твоја, сонлив плач, главче потпрено на моето рамо, збор кажан од устето медено, бакнеж на мојот образ, продорен поглед од очињата најубави кои секогаш знаат што сакаат, сон мирен и спокоен, тоа е она за што вреди да живеам. Толку мал, а толку моќен. Што може друго да посакам, кога веќе имам се’. Се будам во мугрите и ја имам најубавата слика пред мене.
Ти благодарам! Среќна сум што живеам баш за тебе најмил мој. Малечок, убав, весел, палав...МОЈ!
Ваша Martins mom
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?