|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Неуспех на училиште, како причина за депресија: Некои деца тешко го преживуваат неуспехот на училиште и лесно ја губат самодовербата.

image
/11


Децата ретко се жалат на депресија, која како симптом кај возрасните е многу често присутна.

Обично некој друг ќе ја забележи депресијата кај детето и промените кои настанале вооднесувањето. Често учителот во училиштето сигнализира дека детето се однесува апатично, му се случува да заспие на час, не ги извршува училишните обврски и слично.

Родителите се загрижуваат поради повлекување на детето од вообичаените активности. Детето освен што го губи интересирањето за работите кои дотогаш ги сакало, има многу променливо расположение. Се чувствува уморно, не наоѓа задоволство во она што го прави, тешко се сконцентрира... Дури и изгледот на детето се менува. Лицето станува опуштено, долгнавесто, насмевката се губи од лицето, нивото на активностите може да биде намалено или зголемено.

Во детството, депресијата е најчесто од реактивна природа. Се јавува како последица на нешто изгубено. Губењето што го чувствува детето може да биде вистинско, реално или замислено.Една од честите изгубени работи со кои детето се сретнува е губење на сакана личност – еден од родителите при развод, на пример.

Депресијата може да настапии поради губење на физичкиот интегритет за време на некоја болест, губење надраги работи кои на детето му се многу важни, губење на самодовербата поради неуспехот кој го доживеало детето, најчесто на училиште. Типичниот депресивен синдром вклучува жалост, намалена активност, губење на апетит и потешкотии во концентрацијата.  Кај децата кои одат на училиште, депресијата се манифестира со губење на интересот за секојдневните обврски,  намален или зголемен апетит, прекумерно спиење или несоница, намалена енергија. Чести симптоми на таканаречената скриена депресија на таа возраст се одбивност кон училиштето, деликвенција,појава на физичка болка.

Психотерапијата е каментемелник при тераписката постапка. Таа може да му помогне на детето да разбере што чувствува, која е причината за депресијата и како да се однесува во сегашноста и во иднината. Доколку се откријат некои невролошки пореметувања,тие треба да се лекуваат на посебен начин, честопати и со лекови. Меѓутоа лекувањето со лекови не треба да биде само единствен начин на лекување, туку треба да бидекомбинација со друга терапија, препорачуват психолозите.

Затоа следете го своето дете, секоја промена е знак дека нешто се случува во животот на вашето дете. Бидете постојано покрај него, разговарајте за секојдневните активности, покажете му дека тоа е најважниот дел од вашиот живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
8
Замисли...да станеш актер!!!
Сите деца го имаат во себе
4
Каде грешите во воспитувањето на децата?
Децата ги прават истите работи кога се уморни, гладни или едноставно се уморни од се, а игнорирањето на знаците што ви г...
4
Мајка ли сум, Google ли сум?!
Родителите знаат дека само ако се разбудат пред своите деца, ќе имаат малку време во кое нема да го слушнат зборот мамо ...
4




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете:

Мајчино млеко. (0%)

Млеко во прав. (0%)

Кравјо млеко. (0%)

Растително млеко (соино, овесно..). (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!