Се разбира, а НЕ САКА да зборува !Ова е една од најчестите заблуди поради која родителите ја одложуваат посетата на Логопед, и имаат надеж дека детето несака да зборува па кога ќе посака ќе почне самото и нема да биде проблем
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Ги имаат следните оправдувања:сеуште е мал, мрзелив е, многу е разгален...
ВАЖНО Е РОДИТЕЛИТЕ ДА ЗНААТ:”НЕ ПОСТОИ ДЕТЕ КОЕ МОЖЕ ДА ЗБОРУВА А НЕ САКА”!!!
Така да, доколку ова го препознаете кај вашето дете или кај некој близок, обавезно јавете се кај логопед за да се стимулира говор кај детето што побрзо, секако доколку постојат за тоа услови!
КОЈА Е НАЈВАЖНАТА ВОЗРАСТ ЗА ПРОЦЕНКА НА РАЗВОЈОТ НА ГОВОРОТ?
Посебно важна е возраста помеѓу втората и третата година. Децата кои касно прозборуваат не значи дека се болни, но тоа не значи дека и состојбата треба да се игнорира. Исто многу важно е да не почнете да го присилувате детето да зборува, тоа може да има спротивен ефект. Доколку говорот не почне да се развива ни после втората година, дефинитивно би требало да превземате нешто.
Развојот на говорот мора да се следи.
Половина од децата кои покасно ќе проговорат ќе успеат да го надокнадат ова заостанување до третиот роденден. Тие продолжуваат нормално да се развиваат и до поаѓањето во училиште нивниот фонд на зборови ќе биде скоро еднаков на фондот на децата што проговориле пред нив.
Другата половина на децата ни до третиот роденден не успеваат да го надокнадат заостанатото. Кај нив обично се утврдува дијагнозата на недоволен развој во говорот и ова пореметување треба да се лечи. На овие деца не само што им е потребно повеќе време да го совладаат говорот, им паѓа тешко и користењето на граматичките правила. Причината за овој проблем може да биде од генетска природа, но некогаш се во прашање и проблемите со слухот, невролошките заболувања или дури и аутизам. Затоа пред донесување на конечната дијагноза обавезно мора да се направи тест за слухот.
Твој Логопед, Билјана
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
4
Приврзаноста на децата - кога е проблем?
Темата за приврзаноста на децата секогаш буди прашања - како да изградите приврзаност кај децата, или како да се справит...
4
Како да реагирате кога вашето дете си игра...
Играњето со храната е дел од детскиот развој. Наместо казна, еве како да го искористите тоа како можност за учење.
3
Разоткриени! 4 митови за родителството
Полни сме со информации како треба и како не треба да ги воспитуваме децата. Да провериме колку се точни неколку "фак...
3