|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Блог: Како ја одвикнав ќерка ми од пелени?

Елена Мазниковска, 23.5.2020
Елена Мазниковска го споделува своето искуство за одвикнувањето од пелени на својата ќерка

image
/11


Мојата ќерка има 2 и пол години. Пред една година се обидов да ја научам да кажува кога и се оди во тоалет. Сепак не успеа. Едноставно увидов дека се уште не е спремна за тоа, плачеше и не сакаше да седне на нокшир. Кога го сфатив тоа, ја оставив да го набљудува нокширот. Да седнува на него(со облека) и слично. Па после некое време го тргнав на страна. Стоеше таму се до пред еден месец кога одлучив дека треба веќе да ги извадиме пелените, сметав дека доволно созреала и пораснала да го ја сфати поентата на седнување на нокшир. На почетокот мислев дека повторно ќе биде безуспешно. И го покажав и и објаснив за што служи. Без никакво противење прифати да седне на него. Првата недела и повеќе, ја ставав еднаш во денот на него занимавајќи ја со игра или со цртани, понекогаш стоеше на него и повеќе од половина час но без никаков резултат. Но научив да бидам трпелива. После една недела конечно се измочка, тоа беше радост голема од нејзина страна. После првото мочкање, почнав да ја ставам по 2-3 пати на нокшир и обично и требаше 10-15 минути да се измочка (не секогаш).

 
*
Сега сме во фаза на кажување кога и се мочка(нагласувам само за мочкање). Пелените буквално и се празни, дури и ноќе. Само што ќе стане наутро бара да мочка, а пред неколку дена се разбуди на полноќ и погодете што, побара да мочка. Исто така последните 2-3 дена голем дел од денот носи гаќички. Сметам дека постои голем напредок и сум среќна што мојата ќерка полека станува вистинско мало девојче. Се надевам дека во скоро време во целост ќе ги заборавиме пелените.

 
*
Нешто што би нагласила и со што би посоветувала мајка која се наоѓа во ваков случај е да биде трпелива, полна разбирање, спремна на многу валкана облека, спремна тоа навикнување да потрае.
И мислам дека најважно од се е да не го присилува детето. Доколку увиди дека во тој момент од било која причина детето не е спремно на таков чекор, во никој случај да не го присилува, бидејќи тоа делува негативно на детето.


*
Ништо не може да се случи преку ноќ,па така и ова. Можеби процесот на одвикнување ќе трае со месеци, но сепак трпеливоста и разбирањето ќе вроди со плод.
Како што тие не научија на љубов,така и ние ќе ги научиме да одат, зборуваат, се хранат па и да кажуваат кога им се оди во тоалет.

Follow mother.of.two.daughters on Instagram

1

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Учење на буквите преку игра
Пред да научат да читаат и пишуваат, децата најпрво треба да ги запознаат буквите: нивната форма, звук и име. Но наместо...
3
Вашето дете станува ученик
Што треба да направите пред почетокот на учебната година?
3
Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
3
Гласајте за најубавата творба во Детската ...
Во неделата на детето до Редакцијата на Рингераја.мк пристигнаа 23 творби на тема правата на детето. Гласајте за најдобр...
3




Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

дејан (18%)

давид (53%)

ненад (10%)

давор (19%)


Број на сите гласови: 141

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!