Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Настан кој се случува еднаш годишно, а кој децата, родителите, бабите и дедовци со нетрпение го чекаат цела година. Оваа година три дневната програма е збогатена со нови содржини, зголемен број на излагачи и уште повесела атмосфера. “Позитивните коментари од минатогодишните саеми, големата посетеност и радоста која ја причинивме во голем број семејства, оваа година уште повеќе не мотивираше да подготвиме уште повесела и поубава манифестација. Програмските активности се збогатени со многу интерактивни игри, како и простор пред салата со многѕ забава . ”, изјави Златко Панков од Панекс, компанија која е организатор на оваа манифестација.
Покрај тоа што детската забава ќе биде на прво место, едукативниот дел нема да изостави. И оваа година ќе бидат организирани работни сесии на различни теми: како полесно да се надминат проблемите со кои се соочуваат младите родители, тешкотиите во бременоста, правилниот раст и развој на децата, навремено и правилно постапување по одредени симптоми, како да се искористат игрите и забавата во растот и развојот на децата.
Посетителите ќе можат да се запознаат со најновите производи и услуги во детскиот свет, да учествуваат во разни игри и квизови, да гледаат театарски претстави, настап на детски групи, музика, забава, модни ревии и други активности, а секако и да си купат по нешто.
Специјализираниот саем на едно место собира домашни и странски брендови чии производи и услуги се поврзани со бебиња, деца до 14 години, трудници и родители, како и врвни медицински експерти.
За бремените жени се обезбедени катчиња за одмор и релаксација, посебен простор за бебиња, а за децата ќе бидат организирани ликовно, музичко, филмско и многу други катчиња каде сите деца според своите афинитети и моментални инспирации ќе можат да уживаат. Напретвар по брзо лазење, натпревар на татковци во брзо пресоблекување и многу други натпревари каде победниците ги чекаат вредни награди.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е „трудничка магла“ и дали навистина постои?
Дали некогаш си влегла во соба и заборавила зошто си таму? Или си го о...
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги ...
Тонус на мускулите кај бебињата
Тонусот на мускулите е еден од првите показатели за здрав развој на бе...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?