flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Тип на фигура X
Дали сте меѓу оние 10% на жени кои имаат идеална фигура? Пропорциите 90-60-90 не се ништо ново за Вас, и затоа шопингот и купувањето нова гардероба за Вас преставуваат забава и релаксирање. Меѓу тие X сте и вие, кои имате раменици и колкови во иста линија. Колковите и стомакот се полни и добро заоблени. Искористете ја предноста на Вашата женственост и истакнете ја вашата витка половина со тесна облека од меки материјали,која убаво паѓа и различни видови на ремени.
Тип на фигура А
Овде спаѓаат жените со широки колкови и округол задник и тесен горен дел на телото кои од долу изгледаат како убава сочна круша.
Цврстата и еластична облека само ќе Ве издаде, модерните и на колковите набрани здолништа уште повеќе ќе го истакнат вашиот задник исто како и пантолони со набори,попречни линии и големи џебови.
Широките колкови сокријте ги под широки блузи, некои убави маици или летно време тоа може да се направите со убави туники и гардероба во облик на буквата А.
Тесните раменици визуелно раширете ги со набори , живописни маици,или со лабава кошула под која ќе имате градник во вид на корсет, кој може да направи чудо и не заборавајте високиот врат да го прикриете со добра марама.
Тип на фигура V
Имате широки раменици, големи гради и тесни колкови? И омилени Ви се набрани здолништа со голем број на набори? Тогаш само храбро посегнете по нив. Со помош на широки лабави панталони со исечени џебови, можете визуелно да ги проширите колковите. Горниот дел на облека нека биде обратно од долниот дел, нека биде едноставна и мека и задолжително без рамки и попречни линии. Одлично ќе Ви прилега деколте со V израз, маици со натписи и дијагонални амблеми и додатоци, повеќе или еден ред на копчиња, кои оптички помагаат да се намалат преголемите гради. Со таквиот избор на гардероба ќе направите симетрија меѓу долниот и горниот поширок дел на телото.
Тип на фигура О
Спаѓате меѓу симпатичните полнички жени, со заоблен стомак и затоа тесните фустани и здолништа, набрани блузи и облека со попречни линии не се најдобар избор за вас. Изберете комбинација на гардероба која лесно паѓа и не ги нагласува облините на телото. Меѓутоа гледајте облеката која сте ја избрале да не биде и преширока затоа што така само ќе изгледате многу подебело од тоа што сте. Одлично Ви прилега слоевита облека, прави здолништа, и наудолни линии. Повитко ќе изгледате во кошула или маица со V израз, со едноредно закопчување на здолништето или јакната. Не заборавајте дека светлите бои даваат поголем волумен, а темните бои имаат обратен ефект, што претставуваат вистински избор за Вас. За да не преовладува црната боја можете Вашиот стил да го надополнете со различни модни додатоци, како што се брошови, чанти, обетки, ланчиња и тн...И секако не заборавајте на добрите чевли.
Тип на фигура H
Драги “слабички“, жени со детска постава, тесни раменици,тесен струк и колкови во иста линија . Многу жени кои се нашле во претходните категории ќе Ви завидуваат на тесните колкови и мали облини. А многу од Вас сигурно сакаат да имаат поголеми облини и заоблен задник. За да го постигнете ефектот на поголем волумен, одберете гардероба со набори, нека биде во живи бои, и широки панталони. Внимавајте само на тоа гардеробата да не Ви биде преголема , да не се изгубите во неа и да изгледате уште послабо. И избегнувајте црна боја која ќе Ве направи да изгледате уште послабо и коскесто.
Доколку се пронајдовте во нашите типови на жени и увидовте дека Вашата гардероба не соодветствува на Вашиот тип на фигура имаме за Вас уште два предлози.
Прво : веднаш одете во шопинг и замолете ја продавачката да Ви помогне во изборот на гардероба.
Второ : оставете ги работите онакви како што се, доколку се чувствувате убаво во Вашата гардероба. Впрочем ние изгледаме онака како што се чувствуваме, или не?
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.