Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Преработувањето на храната во желудникот трае 1 до 5 часа, во зависност од видот на храната. Лесно сварливата храна се преработува од 1-3 часа (ориз, овошје, поголемиот дел од зеленчукот, млеко, јајца), додека за да се свари лебот, варениот компир, млечните производи, месото и рибата, потребни се од 3 до 5 часа.
Храната која не е целосно разградена во организмот многу е потешко да се исфрли, што доведува до успорување на метаболизмот, дебелеење и создавање на токсини. Основен клуч за здрав организам и одржување на оптималната тежина всушност е редовно исфрлање и ослободување од токсичните отпадни материи. За да се постигне тоа потребно е организмот да го прилагодиме според биолошкиот процес на функционирање:
1.внесување на храна во организмот и нејзина апсорпција-се одвива од пладне до 8 часот на вечер
2.асимилација, односно апсорпција и искористување на хранливите материи се одвива од 8 часот на вечер до 4 часот изутрина 3.елиминација односно исфрлање на отпадните материи од телото се одвива од 4 часот изутрина до пладне .
Посебна биолошка вредност на овошјето
Се смета дека овошјето е највредната храна која може да се внесе во организмот, затоа што содржи идеална рамнотежа не 5-те елементи што се важен фактор за правилно и здраво функционирање на организмот : 90% глукоза, 4-5% аминокиселини, 3-4% минерали, 1% масни киселини, 1% витамини. Поради тоа, за разградување на овошјето не е потребна дополнителна енергија, што значи организмот штеди енергија која се искористува за прочистување. Кога зборуваме за овошје мислиме на свежо овошје затоа што поради својата специфична природа, вареното и преработеното овошје ги губат споменатите својства и доведуваат до киселост во организмот.
Во периодот на конзумирање на храна се препорачува овошјето и соковите да се конзумираат 30 мин пред која и да било друга храна, за да не дојде до мешање на храната во желудникот. Мешањето на овошјето со другата храна доведува до ферментација, со која се губат хранливите материи и се отежнува и успорува метаболизмот. После 10 минути од земањето на сокови може да се продолжи со свежа салата, а после тоа со правилно комбинирана храна. Неправилно комбинираната храна доведува до пореметување во процесот на асимилација и елиминација. Кога храната е правилно искомбинирана организмот може целосно да ја искористи, да ја разгради, апсорбира и да ги искористи сите хранливи материи.
4
4
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?