vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Поминаа пет години од трагичната смрт на Тодор Тоше Проески, кој и понатаму живее во срцата на сите кои го сакаа.
Со солзи во очите, пријателите на Тоше Проески, неговите почитувачи и обожаватели се присетија на најголемата македонска музичка ѕвезда.
Положија свежо цвеќе и запалија свеќа покрај Феудалната кула во пресрет на петгодишнината од загинувањето, а беше откриен и спомен ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Тоше Проески и на Мајка Тереза.
Инспирирани од тошевата песна „Полско цвеќе„ неговите верни фанови од Сомбор, Република Србија, Соња Јоковиќ и Драго Ганиќ вчера на гробното место на Тоше поставија витраж со неговиот лик, вели Андреј Николоски претседател на Меѓународната фондација „Тоше Проески“.
Во Крушево се одржа и четвртиот Mеморијален турнир во одбојка во чест на Тоше. Учествуваа екипи од: Струмица, „Мавис“ од Штип, „Вардар“ од Скопје и домашната „Синалко“. Синоќа беше прогласен победникот - „Вардар“ од Скопје.
Неговата спомен куќа во Крушево, која е направена пред година и пол, ја посетиле повеќе од 180.000 луѓе ширум светот. На денот кога за последен пат одржа концерт во Скопје, 5. октомври се одржува манифестацијата наречена Ѕвездено небо. Градските автобуси носат натпис “Биди и ти дел од ѕвезденото небо за Тоше” и на нив се залепени негови постери. Сето ова зборува колку Тоше со песна го задолжи својот народ и колку беше почитуван и ценет. Во очи на годишнината планирано е одржување на низа спортски манифестации во чест на вечното момче. На маратонот во Скопје му се придружи екипа од Нова Градишка, каде изгасна животот на Тоше. Во зората во која настрада, одржан е помен во црквата Успение на Пресвета Богородица во Крушево, а потоа е положено цвеќе и на неговиот гроб.
Дел од атмосферата на меморијалниот концерт

Градските автобуси во Скопје

ТОШЕ, РИНГЕРАЈА ТЕ САКА!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...