|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Леле, ми се скрши срцето! - упатство за детска емпатија

Јована Матевска Атанасова, 16.6.2021
Зошто „Леле, ми се скрши срцето!“ е најдоброто упатство за учење на детската емпатија? Каква е пораката што Мила се обидува да им ја пренесе на децата? Насмевката како универзална детска единица за среќа? Или солзата – чадорот на детското страдање?

image
/11


Емоциите се единствените сензации што се восприемаат исто и се манифестираат универзално. Ова особено важи за децата затоа што тие учат да манипулираат со афективниот спектар, глумат лутина за секојдневните забрани, ќе пуштат и некоја солза за да стигнат до потребното внимание. Преку емоциите детето ја испитува границата на својот карактер, до каде ќе му биде дозволено да замине со постапките. Но како што се стекнува спознанството со емоциите така настанува и нивното изобличување. Децата, знаејќи дека се сопственици на едно моќно оружје, паѓаат под влијание да го користат несоодветно, односно во фазата на латенција да собираат поени кај своите врсници, на сметка на обезвреднување на послабите. Ова можеби и не е невообичаен шаблон на однесување кога би го споредиле природниот синџир на супериорно-инфериорни, но за едно дете, особено кога ќе се најде зад оградата на исмевање и вербална злоупотреба, претставува сериозен дистрес. Децата, кои не ги користат одбранбените механизми исто како возрасните, но и не можејќи да ги изразат емоциите, се повлекуваат, одбиваат да извршуваат активности, стануваат тажни и безволни.

Затоа од голема важност е родителот да го подготви детето за двете улоги, но исто така да се подготви и себеси затоа што доминантното дете може брзо да стане жртва, или пак детето за кое помислуваме дека не би згазнало на мравка да биде злиот ум во класот што ги тероризира своите врсници. Потребно е детето да се соочи со своите емоции, нивната јачина и нивната добра како и лоша страна.

„Леле, ми се скрши срцето!“ ја чувавме за вас и решивме да ја изложиме нејзината едукативна моќ по Интернационалниот ден на детето (1 јуни) и по денот кога светот се заложува да го намали влијанието на агресијата врз невините, 4 јуни. Денеска ќе ви презентираме игри што се длабоко поврзани со сликовницата, нејзината содржина и скриеното значење.

Зошто „Леле, ми се скрши срцето!“ е најдоброто упатство за учење на детската емпатија? Каква е пораката што Мила се обидува да им ја пренесе на децата? Насмевката како универзална детска единица за среќа? Или солзата – чадорот на детското страдање?

Сликовницата има моќен наративен глас, кој се јавува во заднина, речиси како шепот. Тоа е гласот на срцето на Мила, скршено како корнет, стопено како топче сладолед. Мила е во потрага по лек за скршеното срце, нејзините детски искрени и наивни обиди горчливо ќе ве насмеат затоа што се навистина инвентивни начини на дете што е отфрлено од колосекот на периодот на безгрижност, детството. Најсилната порака не е таа што сликовницата ја пренесува, туку таа што ќе ве принуди да ја почувствувате додека шетате низ страниците на насликаното медитеранско гратче, сочувството, емпатијата.

Емпатијата, покрај другите интелектуални капацитети наведени од психологот Гарднер, не е само вродена, таа може да се доградува и да се изучува. Патувајќи со девојчето Мила, низ прекрасните илустрации на Елиф Јемениџи, детето стекнува чувство на одговорност кон постапките што ги презема. Затоа и денеска ќе ви претставиме интересни и забавни начини да го доближите значењето на емпатијата на децата, како е да се биде и во улога на вербален предатор, но и во улога на жртва. Детето учи модели на однесување преку примери и усвојување улоги.


ПРАШУВАЈТЕ ГО ДЕТЕТО ДА ГИ РАЗЛИКУВА ЕМОЦИИТЕ.

Каква е Мила на оваа слика? Среќна? Тажна? Изненадена? Исплашена?


ПРЕКУ ЈАЗИКОТ НА ЕМОТИКОНИТЕ ПРЕТСТАВЕТЕ МУ ГИ СЕДУМТЕ ОСНОВНИ ЕМОЦИИ.

Ова е добра подготовка за деца што се веќе дел од воспитно-образовниот систем.

Нацртајте ги и побарајте од детето да ги прецрта. Третиот пат, повторно ја користиме техниката на дополнување. На смајлито изоставете му ја устата и побарајте да нацрта среќно смајли. За емоцијата презир изоставете ги очите. Во прилог, емотиконите за седумте основни емоции, но и како помина играта кај нас. Ива пријави желба да црта смајли и по завршувањето, дури и на нејзините цртежи на човечка фигура се разликуваше тажен од среќен човек. Играта е вистински погодок за детската популација, во центар ги става симболите на новото време, детето дополнува и притоа рефлектира понатаму.


Прочитај повеќе на Антолог

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
4
Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3...
Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно - е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите. С...
4
Срамно е да го нахраниш своето бебе во јав...
Денес налетав на објава од една мајка каде што имаше постирано како го дои своето дете во јавност една прекрасна група ...
4
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste zavisni od interenet?

Da (60%)

Ne (20%)

Ponekogas (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!