|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали децата да пијат газирани сокови?

Редакција Рингераја, 14.3.2013
Бидејќи се децата – деца и од пијалоците сакаат се' што е слатко, обоено и со балончиња, па уште и ако е строго забрането од родителите, тие ќе најдат начин потајно да пијат газирани сокови. Ви нудиме начин како да направите мудар договор со нив

image
/11


 

 

Природата не поттикнува во уживање на пијалоци со балончиња. Природните извори на минерална вода секогаш пленат со својот вкус, мирис и добро дејство на човекот.  Вербата во опоравување му создале навика на човекот да консумира пијалоци кои се природно газирани, но не баш вкусни за пиење.  Токму тоа ги потсетило технолозите да понудат пијалок кој е ослободен од природната горчина и дополнително нашминкан со ароми, пријатни за нашите сетила.

Децата често пијат премалку течности. Со потење нашето тело губи важни минерали и електролити. Со губењето на 10% од телесните течности, се намалува способноста на организмот за 50%. Токму заради тоа, од исклучителна важност е секојдневна консумација на течности.

Како родители треба да бидеме малку мудри и да им дозволиме на децата повремено да “грешат” и да пробаат од забранетото овошје. Со поголемите деца можеме лесно да се договорите – кажете им да јадат правилно, доволно да се движат и да бидат физички активни, па ќе можат повремено да пијат газиран сок.

Газираните сокови се пијалоци со висока енергетска вредност, кои за брзо време го намалуваат чувството на глад, а воедно се сиромашни со витамини и минерали кои им се многу потребни на децата. Со пиењето на слатки газирани сокови, во организмот се внесуваат т.н. празни калории, кои водат кон дебелеење. Уште ако децаат обожаваат грицки и колачи, на тој начин може да се загрози нивниот правилен раст и развој.

Една лименка на обоен газиран сок содржи иста количина на кофеин како и една шолја кафе. Заради тоа децата кои пијат сокови кои содржат кофеин, имаат проблеми со спиењето, до доцна остануваат будни и имаат проблеми со концентрацијата при учење.

 

Обидете се да им ја исполните желбата да пијат газиран сок, а притоа тој да биде здрав. Еве што можете да им подготвите:

- Минералната вода е совршена подлога за подготовка на газиран сок дома. На секој пјалок ќе му даде пријатно чувство на свежина. По желба направете газиран сок од јаготка, праска, боровинка, ананас, брусница и друго.

- Една чаша јогурт измешајте со овошје и изматете го додека не стане пенасто. Додадете минерална вода до саканата густина. Слатко, вкусно и здраво.

- Свежиот сок од лимон, мандарина или портокал исто така може да се разреди со мала количина на минерална вода. По желба засладете го со лажичка мед. Ваквиот напиток е освежувачки, полн со витамини и газиран.

 

Генерално правило е да се има умереност кога се газираните сокови во прашање.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Летото е идеално за одвикнување од пелени
Доколку Вашето дете има меѓу 18 и 24 месеци, летото е идеално време за одвикнување од пелени.
3
Јануш Корчак: Сакајте ги децата какви што се!
Децата се најскапоцениот дар кој животот го подарува. Вам некој ви дарил живот, а вие сте ги создале со љубов и желба да...
3
Како да се спречи циркуларен кариес на дет...
Совети од д-р Зорка Чрчева-Димовска, ортодонт
3
Како да се смирите кога ќе Ве разлутат дец...
Да не бев толку поспана и раздразлива, можеби ќе се смеев на нивната реакција, но овојпат ми се чинеше дека нивната еди...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?