|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Приказна за една љубов...

Слаѓана Арсоска, Pepelaska###, 2.9.2011
Дневникот на Pepelaska###

image
/11


 

Велат, птицата е во своето гнездо додека е малечка, кога ќе ги зацврсти своите крилја таа слободно лета. Можеби секогаш ќе се враќа во своето гнездо но сепак таа ќе си го бара своето место некаде во светот. 

Бевме речиси деца, мислевме дека животот е само игра во која секој може да има главна улога, филм со секогаш среќен крај. Млади и заљубени, бевме среќни што сме заедно, му се радувавме на времето поминато заедно, на секој миг, на секоја минута. Немаше ден да помине без да се слушнеме по милион пати, да не се видиме барем еднаш во денот. Толку беше лесно и едноставно како песничка за едно мало учениче.

Се што е убаво кратко трае, некој сигурно го искусил тоа што навистина е така. Ние не правевме планови, не мислевме што ќе биде утре, ние само знаевме да уживаме во љубовта...Се до тој ден. 
Како лоша сила да ми те зеде од моите раце и те оддалечи од мене.Толку студенило никогаш не очекував во тие топли очи во кои секогаш наоѓав мир. Прегратката која беше се' за моето срце- наеднаш стана кратка и ладна. Мојот човек кој ми го смени животот, за кого една топла прегратка беше повеќе од милиони во банка, еден бакнеж вредеше повеќе од дијамантски прстен, полека почна да се претвора во машина. Грубо звучи да, но и уште повеќе болеше. Тажно беше да се гледа човекот кој секогаш беше насмеан, оној кој секогаш беше тука да ме развесели кога бев тажна, заради кого престанав да го мразам оној дел од денот кога сонцето го снемува и кога денот и ноќта се борат кој да остане, да го гледам секогаш изморен без желба за разговор и живот. Сета топлина, сета љубов, исчезна, потона во неговите желби.
“Ова го правам за нас“ ми велеше но така механички и без љубов што беше тешко да се поверува.
Без љубов, без чувства, без трошка внимание барем за некој важен настан, сето тоа како да си го однесе некој.
Молев, се борев, плачев, очајно викав, срцето ми се кинеше од болка. “Има време, се ќе си биде“ пробував и со убаво да го убедам дека сме млади, дека сакам да му се насладувам на животот и годините кои никогаш нема да се вратат. 
Минаа години. Нашите излегувања се заменија со темели за куќа, нашите летни одмори со нејзините ѕидови, мојот сакан се претвори во мајстор кој работи по цел ден на жешкото сонце за да се прибере  и заспие кога сите наши врсници излегуваа. И така уште неколку лета. Кавги, многу солзи и недоразбирања, болка која сеуште пече.
***
Еве не сега заедно.Сеуште сме млади ама не сме исти и не сме повеќе сами. Имаме и едно мало сонце кое секој ден ни  ја грее душата. Не сакам веќе да одам на одмор, не, не сакам да купувам нови чевли и оваа зима ќе ме топли стариот капут. Сакам само да отидеме и да ја создадеме топлината во нашето гнездо. За нас. За нашето дете...За нашата птица оттука да летне по светот.
Ваша Pepelaska###

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

 

 

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стоп за детската астма со една банана на ден
Децата кои јадат по еден банана дневно, се помалку изложени на ризик од напади на астма, соопшти УПИ
6
Канцероген коктел пронајден во детски санд...
Германската национална телевизија покрена тестирање на пластични детски сандали од различни производители. Во сите е нај...
5
Најнежното издание на Жизел Бундшен
Познатата манекенка Жизел Бундшен сподели миг од приватниот живот преку објавување фотографија на социјалните мрежи
5
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?