|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како е да се биде мајка на тинејџер и бебе?

www.intervjua.com.mk, 19.2.2012
Светлана и Мики моментно живеат еден од најубавите периоди во животот. Пред три ипол месеца добија нов член во семејството, ќерќичката Нина, која им ги разубавува деновите, но и будните ноќи поминати покрај неа.

image
/91


 

 

И оваа година не го пропуштивте зимскиот одмор и престојот на снег. Бевте во познатиот скијачки центар Боровец. Како се организиравте со бебе и имаше ли некои посебни подготовки?

 
Мики:
Иако имавме доста сугестии да не одиме на планина со двоиполмесечно бебе, ни ние во ниеден момент не се двоумевме и бевме пресреќни што и малата Нина ќе биде со нас. Подготовките беа вообичаени, освен тоа што овој пат имавме и бебе, а и мајка ми ја земавме да ни помогне и да ја причува додека скијаме.


Мики, имаш ли ти специјални задолженија околу Нина?

 
Мики:
Па, немам баш специјални задолженија. И помагам на Светлана колку што можам и умеам. Најубаво ми е кога е убаво времето и кога ја шетам Нина во нејзината количка. Таа ужива да е надвор, особено на сонце.


Ти си еден од оние мажи кои присустувале на породувањето на својата сопруга. Дали беше тоа твоја желба или повеќе идеја на Светлана?


Мики:
За присуство на породувањето се решив буквално пред самиот чин, не го планирав тоа. А чувството да си присутен кога се раѓа нов живот, бебе, мое бебе, не може да се опише, тоа мора да се доживее.


Со оглед на тоа што поминаа 12 години од раѓањето на Моника, чувствувавте ли трема од тоа повторно да имате бебе во домот?


Светлана: Претходното искуство придонесе да ја нема тремата. Затоа, пак, радоста беше неизмерна со тоа што по 12 години на свет донесовме уште еден член во семејството, кој буквално сите не’ промени за 180 степени, во позитивна смисла, нормално.


Светлана, како изгледа твојот ден (а и ноќите) во последниве два ипол месеца?


Светлана:
Деведесет отсто од денот и ноќта и’ се посветени на Нина. Доење, бањање, пресоблекување, гугање, кратки прошетки на сонце, пеење песнички пред спиење, лулкање - тоа се нашите обврски. Се разбира, помошта ја имам и од Мики и Мони, и мора да признаам дека за разлика од кога Мони беше бебе, овој пат ми е многу полесно. Што се однесува до ноќите, се’ уште се случува го замениме денот со ноќ.


Успеа ли да ја вратиш целосно старата линија и дали тоа ти беше лесно?


Светлана:
За разлика од првата бременост, овојпат не се здебелив толку многу, така да полесно се враќам во нормала. Бидејќи Нина ја дојам, неможам да држам строги диети, но за некој месец ќе почнам со вежбање и се надевам дека набрзо ќе се вратам во форма.


Како изгледаше првата средба на Моника со мала сестричка?


Светлана:
Уште пред да се роди Нина, Мони легнуваше на мојот стомак и си „правеше муабет“ со сестра и’.
Мики:
На првата средба Моника беше неколку минути занемена, а потоа на нејзиното лице се забележа неизмерна радост. Веднаш ја зеде во раце и не се одвои од неа долго време.


Дали Нина веќе почнува со нешто да ве воодушевува и со што најмногу ве засмева?


Мики:
Веќе се смее, а во овој период почна да испушта и некои гласови. Многу ни е интересна и можеме со часови да ја гледаме како гуга и прави различни изрази на лицето. Многу е смешна додека ја бањаме, кога прета и плиска се околу себе.


Кој го избра името и размислувавте ли и за други варијанти?


Мики:
Името беше исклучива желба на Моника. Имавме и други предлози, но решивме да и ја исполниме желбата на постарата ќерка.


Како се снаоѓате во улога на родители на ќерка која влегува во тинејџерските години?


Светлана:
Јас како мајка се трудам да бидам истовремено и најдобра другарка на Мони. Честопати знаеме да седнеме и да водиме долги разговори, буквално како две тинејџерки. Моника, иако има само 13 години, знае да ме изненади со своите размислувања, како многу повозрасна. Ја советувам за многу работи. Таа веќе се има изградено како личност со свои особини и ме радува со тоа што навистина знае што сака. Сепак, како родители се трудиме да ја изнесеме на вистинскиот пат и да ја поддржуваме во нејзините животни цели. Навистина е интересно паралелно да водиш живот на штотуку родено бебе и веќе сериозна тинејџерка.


За што покажува Моника најмногу интерес засега?


Светлана:
Веќе три години тренира одбојка. Како мала почна со манекенството, потоа пливање, балет, па хип-хоп и модерни танци и сега веќе е посветена само на одбојката. Го сака спортот воопшто и е верен другар со тато Мики во следење на спортски натпревари.


Дали сте строги родители или евентуален проблем се обидувате да го решите на другарски начин?


Мики:
И едното и другото. Најубаво е проблемите кога се решаваат на другарски начин, но сепак мора да се биде понекогаш и строг родител за да детето правилно биде воспитано.

 

 

 

Извор: www.intervjua.com.mk

Aвтор: Миодраг Мишолиќ

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
10
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?