vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мајките често сакаат нивната ќерка да биде совршена. Тежнеат кон тоа ќерката да има подобри оцени, квалитетни пријатели, повеќе вон наставни активности и уште многу друго. Променете го тоа.Тргнете од тоа што веќе го имате, а не од тоа што недостасува – и зборувајте за тоа што е најдобро за неа.
Излезете од рамката
Излезете од рамката и немојте, кога е Вашата ќерка во прашање, да ја поттикнувате само интелегенцијата (или физичкиот изглед). Битни се и многу други работи: меѓучовечките вештини, нејзините интереси, идеи, мотивација, емпатија...Се тоа се одлики на квалитетна личност.
Можеби е тешко во нашата култура, но е изведливо
Да се одгледа девојка со голема самодоверба во денешно време, е тежок предизвик. На Балканот сеуште постои размислувањето дека жените се за в кујната и за гледање на децата.
Постојат неколку начини како да се поттикне нејзината самодоверба и како да и помогнете да изгради силна личност која ќе се спротивстави на таквте предрасуди:
Не ги заборавајте основите
И за крај, во текот на воспитувањето немојте да заборавите на основните вештини кои ќе помогнат Вашата ќерка да израсне во зрела, квалитетна и силна личност, полна со самодоверба:
Контакт со очи – многу важна вештина која се занемарува во раната возраст. Научете ја својата ќерка кога разговара со некој друг да го гледа во очи, посебно ако е во прашање возрасна личност.
Авторитет – дајте и до знаење дека е потполно во ред да го каже своето мислење и да дава идеи и предлози кога е во група.
Поддршка – секогаш зборувајте и дека верувате во неа, бидејќи на децата им треба охрабрување и пофалба. Дозволете и да прави грешки и да учи од нив и поттикнете ја следниот пат да го исправи тоа во што згрешила.
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...