|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јоксимовиќ: Македонија ја сакам како своја земја!

Елена Стефановска, 18.8.2013
Оваа земја е посебна, ја чувствувам на некој начин како своја, а луѓето се отворени, искрени и она што мене навистина ми е многу важно е тоа дека имаат смисол за хумор

image
/11


 

 

Секоја година одржувате барем еден концерт во Македонија. Дали секој пат со задоволство и’ се враќате на македонската публика?

Жељко: Македонската публика е навистина посебна, тоа секогаш го истакнувам. Секој концерт кој го имам овде е посебен.

 

Какви спомени носите од Македонија?

Жељко: Секогаш најдобрите, навистина тоа искрено го кажувам. Оваа земја е посебна, ја чувствувам на некој начин како своја, а луѓето се отворени, искрени и она што мене навистина ми е многу важно е тоа дека имаат смисол за хумор.

 

1

 

По толку години настапи дали понекогаш вашите појавувања ви доаѓаат рутински или на сцената ве преплавува она исто чувство на возбуда?

Жељко: Ги сакам моите настапи, односно концерти, иако суштински турнејата може да биде и по малку напорна. Сепак, ако на сцена го нема она чувство одново на возбуда, веројатно би се откажал од се’. Мислам дека во тој непосреден контакт со публиката секој музичар најдобро чувствува и најмногу сфаќа колку навистина вреди.



На вашите концерти во поголем дел доаѓа женска публика, имате ли чувство дека сте миленик кај жените?

Жељко: Знам дека е тоа така, и радосен сум поради тоа. Жените се тие кои експлозивно ги покажуваат своите емоции. Никогаш не сум имал претензии да бидам миленик на жените, едноставно женската публика е навистина голем дел од публиката на моите концерти.

 

2

 

Милионски прегледи на вашата песна „Лудак као ја“, тоа е најавен сингл за вашиот нов албум. До каде сте со новиот албум, кога можеме да го очекуваме?

Жељко: Горд сум на фактот за песната „Лудак као ја“ што доживеа толку голема популарност во јавноста, особено што е со различен ритам од она што е препознатливо за мене. По првата, произлезе и втората, акустична верзија. Од тогаш работам на останатите песни за новиот албум, за кој верувам дека ќе излезе до крајот на оваа или почетокот на наредната година.



Какви емоции ви буди песната „Лудак као ја“, додека ја изведувате?

Жељко: Емоции кои ги има секој човек кој искрено и со цело срце сака, и не крие тоа да го покаже.



На што најмногу сте горди во кариерата а кој период би сакале да го забравите?

Жељко: Не се плашам од својата кариера без оглед на нејзините успеси и оние по малку неуспешни периоди. Стојам зад се’ во животот, не се оптоварувам многу. Во мојата кариера беа неколку песни кои и ден денес со иста енергија ги делат моите фанови не само во Србија, туку и во целиот регион и по цела Европа. На добрата песна и на нејзината енергија, на тоа најмногу сум горд.

 

3

 

Како приватно се носите со животните ситуации? Која ваша карактерна особина тогаш најмногу доаѓа до израз?

Жељко: Упорност и истрајност во решавање на сите проблеми, не ги ставам под тепих (што би се рекло жаргонски). Секој проблем може да се реши. Животот е таков каков што е, со добри и помалку добри страни. Работата е само на кој начин ги согледувате проблемите.



Што би издвоиле како ваш адут?

Жељко: Истрајност во работата. Мислам дека тоа е мојот вистински адут. Јас сум перфекционист во работата и веројатно перфекционист во голем дел од мојот приватен живот. Но кога станува збор за музиката – многу работа носи вистински резултат, добра композиција, песна, видеозапис.



Жељко, дали сте од оние кои со задоволство ги прифаќа советите и критиките? Кого претпочитате да слушате?

Жељко: Ги сакам и секогаш слушам оние луѓе кои ги сметам за мои блиски пријатели и соработници. И критиките и пофалбите. Сепак, искрено мислам дека секој човек на крајот на краиштата се слуша сам себеси, бидејќи во крајна линија секој си одговара за своите постапки.

 

4

 

Ако кажеме дека вашите песни се емотивни, кои жени ве направија вас подобар човек?

Жељко: Секоја жена е дел од мојот живот. Денес секако тоа се мојата сопруга Јована и ќерка Мина кои ме направија подобар од тоа што сум.



Вашата сопруга Јована и вие медиумски сте многу експонирани. Дали и како успевате да ја сочувате својата приватност?

Жељко: И двајцата сме долго време јавни личности и свесни сме дека медиумското внимание е дел од нашето секојдневие. Научивме да живееме со медиуми. Сепак, приватноста се обидуваме колку што е можно да ја сочуваме, се трудиме да не допираме до она што се пишува и зборува за нас, си имаме ние свои мали секојдневни моменти од нашата заедница.

 

Би простиле ли неверство? Кој според вас е подложен на неверство, дали тоа се мажите или жените?

Жељко: Сите ние пред се’ сме луѓе, и мажите и жените, не’ разликуваат делата, оние кои остануваат зад нас и оние кои не одредуваат како личност со име и презиме.



Што е со вашиот изглед, постигнувате ли време да тренирате, колку се грижите за својот физички изглед?

Жељко: Се трудам да одржувам темпо и неопходна кондиција, но морам да признам дека во последно време се занимавам со една друга активност како што е возење мотор.

 

5

 

Голем поздрав,

Ваш Жељко Јоксимовиќ.

АВТОР: Елена Стефановска

Извор: www.tocka.com.mk

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бијонсе се врати во топ форма!
Бијонсе изгледа особено фантастично, бидејќи стана мајка пред само седум месеци. Погледнете ги фотографиите:
4
Тест: Изберете Велигденско јајце
Кое е првото јајце кое ви падна в очи? Погледнете што значи. Тест: Изберете Велигденско јајце
4
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Насмевката - ефикасен лек за душата и телото
Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, б...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?