namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Ако ја прашате било која мајка со мали деца, многу веројатно е да Ви каже дека интимноста со сопругот не и е на врвот на листата на приоритети. Ако не и последно нешто на кое помислува на крајот од денот.
Така рамислувала и 43-годишната британка Клер Смит, која со сопругот Кен (45), по десет години отсуство на либидо, повторно ја открила магијата на сексот, во кој сега ужива четири пати неделно.
Открила дека фактот што има деца, го прави сексуалниот живот уште подобар.
"Тоа е како да имате секс во куќата на родителите. Тоа што се криете го прави сексот уште поубав и уште повеќе Ве зближува", откри Клер за Daily mail.
На многу начини, Клер кажува дека сексот им е многу подобар отколку кога се запознале, бидејќи подобро се знаат, имаат повеќе искуство и нивниот љубовен живот се трансформирал. Клер објаснува дека по раѓањето на првото дете сексот почнал да им станува се полош и полош. Таа “одработувала” еднаш во месецот, откако ќе се сожалела над сопругот и со желба да го спречи да не побара задоволство надвор од брачниот кревет.
Се чувствувала неатрактивно и уморно, а по раѓањето на третото дете, при крајот на 2008 година, завршила на антидепресиви.
Со голема поддршка од сопругот одлучила да се ослободи од таблетите по една година. Во меѓувреме, во разговор со пријателките заклучила дека куќата полна со деца ја користела како изговор за да избегнува секс. Сепак, заклучила дека нејзиниот сопруг заслужува повеќе од тоа.
По неколку месечно размислување како да ја подигне својата самодоверба, преминала во акција. Ја зела заедничката кредитна картичка и отишла на терапија со шопинг. Купила секси долна облека, направила бразилска депилација и се чувствувала сјајно. Таа вечер маж и ги заспал децата, а таа се преоблекла во нова облека, се вовлекла во кревет и иницирала секс. Сопругот бил во тотален шок. “Тоа ни беше најубавот секс во последните неколку години. Почувствував дека само не двајцата сме битни”, раскажува Клер.
Сексот е како одење во теретана
Нејзиното либидо почнало да дивее. Кога видела колку двајцата се заради тоа среќни, започнале план инспириран од серијата Очајни домаќинки – одлучиле да имаат секс секој ден во текот на една недела.
Успеале да издржат само три ноќи – исцрпеноста, телевизијата и стомачниот вирус им стоеле на патот, но било забавно. Клер сфатила што испушта и колку водењето љубов го зближува брачниот пар. Во текот на денот си испраќале секси пораки и флерувале за време на вечерата.
“Сексот е како одење во теретана – тешко е додека да започнете, но потоа станувате зависни”, објаснува Клер.
На сите кои ќе помислат дека тоа не може да им се случи, Клер им порачува дека штом таа успеала со три деца и десет години непостоечко либидо – може секој!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...