Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Еден многу богат човек имал чифлик и кога му стасале нивите за жнеење, зел аргати да ги ожнеат. И покрај сето богатство што го имал, имал навика да ги надгледува аргатите како работат. Помеѓу сите аргати, мажи и жени имало и една трудна сиромашка жена и на нива и дошол часот да си го роди детето. Откако го родила и го повила во скутината, по некој саат пак си станала леунката да си жнее, да не ја изгуби дневницата. Богатиот не ја оставал, арно ама таа пак жнеела. Вечерта со сите аргати, весела и радосна, вечерала и си отишла дома.
- Дај жено еден фустан и една капа да и подарам на аргатинката што ми роди денеска на нива, еден саат полежа на ледина и пак жнееше цел ден токму со сите аргати. Ете жена, ете стока! Ашколсун на таа мајка што ја родила и на тој маж што ја има. Па и ти, мори жено, жена се броиш и деца ми раѓаш, со триста баби и триста еќими, едвај да го родиш. Па откако ќе го родиш, со денови леунка ќе ми лежиш, лице како на умрен ќе имаш, ќе квачиш дури да му здодее на чоека. Ете таа жена - жена е, а не како тебе домаќинке, атер да не ти остани, кога си е така, кој можи да порекни?
- Јас ќе ти докажам домаќине, дека не е така - му рекла како на лутина малце - ама ќе потраиш малце, уште некој ден и тогаш ќе речиш дека не било така како што велиш ти.
Богатиот се насмеал
- Не знам како ќе ми докажиш, ама ајде да видиме.
- Е, ај да видиме дали не ќе ти докажам.
Поминало некоја недела и ги викнала двајцата дрвари што ги имала, па му рекла:
- Слушајте вие дрвари, утре кога ќе одите на дрва, да го земите коњот и да го товарите со дрва колку што неможи да носи, па ако се лути господарот оти сте го зеле на дрва, јас одветот ќе му го дадам.
- Пеки господарке, да го земиме - и рекле дрварите.
Утрото го зеле коњот, та го натовариле толку многу со дрва, што едвај го довлечкале дома. Кога влегол коњот товарен со дрва в порта, се погодил чорбаџијата да седи на пенџере, па кога го видел коњот товарен, испотен едно чудо. Рипнал како удрен в глава и слегол во двор да го види коњот.
- Море, кој ви рече да го земите коњот на дрва, бре бездушници едни, што е ова што му сторивте на коњот, што е ова пот што сте го испотиле, што е ова дрва што сте го товариле?
Тука била и жена му, кога викал по дрварите.
- Не викај по дрварите домаќине- му рекла- оти тие не го зедоа, ами јас му го дадов за да ти докажам како раѓам јас спроти аргатинката што родила на нива. Ете види сега колку се уморил коњот од едно товарење дрва и верувам дека до една недела кувет не ќе можи да си земи. Веруваш дека е така домаќине?
- Море верувам како не верувам, ми го поболивте коњот, јаз'k !
- Ете така сме и жените различни, а најповеќе богатите кои немаат некоја тешка работа, та да се печат во работата и да се јаки во снагата. Ете од тоа раѓаат со мака и леунки лежат едночудо време, а пак работните жени раѓаат со лесно и не лежат многу дни леунки. Е сега веруваш оти е така, или не веруваш?
- Верувам домаќинке, верувам, вистина е така, чунки очевидно ми докажа. Браос сакам да ти речам, оти си итра и ми докажа токму како што треба.
Адаптирал: Барбара Синадиноска
забава Бремените
Автор: bobik
Недостиг на железо: Тивок проблем со големо влијание
Недостигот на железо е една од најчестите нутритивни дефицити во свето...
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
10 совети како да сопреме икање
Икањето е ненадејна и неконтролирана реакција на дијафрагмата која мож...
Храната како дел од културен идентитет
Храната е повеќе од гориво за телото. Таа е јазик на културата, традиц...
Икањето почнува ненадејно, трае неочекувано, а понекогаш се чини дека ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: