vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Куче и Петел
Кучето и петелот сврзале пријателство и тргнале заедно на пат. Кога настанала вечер, петелот се качил на дрво и таму се сместил, а кучето нашло место во дупката околу коренот на стеблото. Во зората петелот по својот обичај почнал да пее: Кукурикууууууу! Го чула лисицата, се доближила до него и оздола почнала да го наговара да се слезе, зашто сака да се поздрави со тоа животно што има толку убав глас. Петелот и рекол нека го разбуди вратарот што спие до коренот, и дека ќе слезе кога вратарот ќе ја отвори вратата. Кога лисицата побарала да се разбуди вратарот, веднаш скокнало кучето и ја раскинало.