vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Што влијае едно девојче или момче да израсне во успешна личност? Интелектот, напорната работа, самодовербата, одговорноста, добрите животни одлуки и низа други работи.
Но, дали сте знаеле дека еден од клучни фактори во успешноста на една личност е неговата мајка?
„Дали ја напиша домашната задача?“, „Среди си ја собата“, „Дали ги изми забите“, „Дали ме слушаш“.... Овие прашања и изјави колку и да ви изгледаат иритирачки ќе ве лансираат во успешна личност.
Позади секоја успешна девојка е нејзината мајка, која постојано приговара, откри едно истражување фокусирано на животот на 15.500 девојки на возраст од 13 и 14 години. Можеби ќе ви звучи неверојатно, но строгите мајки, кои постојано приговараат всушност ја прават вистинската работа. Иако, ова истражување се однесува само за ќерките, веруваме дека ситуацијата е иста и со синовите.
Високите очекувања на мајките од нивните деца влијаат и будат чувство на одговорност кај децата, па веројатноста дека тие добро ќе се образуваат и ќе направат вистински животни избори се многу поголеми.
Истражувањето покажа дека кај строгите родители шансата на забременување на нивната ќерка тинејџерка била намалена, а веројатноста да земаат поголема плата во животот поголема.
Затоа наредниот пат кога мајка ви ви приговара, насмевнете ? се и послушајте ја затоа што таа само работи на тоа да станете подобра личност.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...