|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?

Редакција Рингераја, 6.8.2012
Зошто, ни пет години по смртта на еден од најдобрите пејачи на Балканот, на неговиот гроб не е поставена надгробна плоча, ниту споменик? - реакција на српскиот весник novosti.rs

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Во октомври се навршуваат пет години откако во сообраќајна несреќа загина македонскиот пејач Тоше Проески, еден од најдобрите машки вокали на Балканот. Погребан е во Крушево, на Гумење и на петгодишнината од неговата смрт на гробот не е поставена ниту надгробна плоча, ниту споменик.  Што да се каже за конструкцијата на кровот на кој е ставен плексиглас кој не може да задржи малку пообилна количина на снег и дожд?

Градоначалникот на Крушево одбива да разговара на оваа тема, велејќи дека гробот на Тоше не е во негова надлежност.

Во близина на Крушево пејачот почна да го гради манастирот Св. Преображдение, кој се финансира со доброволни прилози. За завршување на започнатата работа (осликување на фреските и нови конаци), потребни се уште 300.000 Евра. Македонската црква не вложила ниту денар во овој проект, ниту пак е заинтересирана за истиот.

Нема одговор ниту на прашањето зошто се отпуштени 17 хонорарно вработени лица во Спомен куќата на Тоше, па и таа сега пропаѓа. Новинарите бараат да се објасни апсурдот зошто во Спомен куќата на Тоше нема место за неговиот омилен автомобил Volksvagen buba  кој прекриен со цирада стои во дворот на комшиите на Тоше.

Обожавателите на Тоше од Србија и Хрватска својата љубов кон пејачот ја искажаа на многу оригинален начин – му купија телескоп и планираа да го вперат кон ѕвездата која го носи името на суперѕвездата Тоше Проески. Наместо тоа, неотпакуваниот телескоп стои во ходниците на Фондацијата Тоше Проески.

Дали Тоше заслужи вакво нешто?

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Елена Ристеска се мажи!?
Според извори блиски на пејачката, по веридбата која се случила пред неколку месеци, Елена и нејзиниот свршеник Бојан се...
4
Нов проект на Марија Костадиновска
Задоволство ни е што имаме можност да бидеме меѓу првите медиуми на кои Марија им навести за новиот проект кој "се крчк...
4
Нега на лицето и телото: Ориз во служба на...
Заради своите хранливи состојки оризот е одличен за организмот, но и за нега на кожата. Погледнете на кои начини можете ...
3
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по изложување на сонце, хормонални промени, воспаленија ил...
3




Анкета

koga pocnavte so dohrana?
zzaa

koga pocnavte so dohrana?

na 4 meseci (43%)

na 5 meseci (33%)

na 6 meseci (24%)


Број на сите гласови: 84

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!