vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во текот на животот поминуваме пет години во кивање и кашлање.
Со повеќе од 200 различни типови на настинки, не е изненадувачки што секој од нас ќе “закачи” барем неколку годишно. Вирусот се пренесува со вдишување (кога некој ќе кивне микроскопските честички ќе го најдат својот пат до устата или носот), или со допир.
Силното кивање може да испрати 100.000 вируси до три и пол метра во далечина и само една честичка може да преживее и до 48 часа на кваката од вратата, на далечинскиот управувач или на некоја површина, од каде можете да го добиете вирусот. Доколку често ги допирате носот или устата со рацете, лесно ќе го внесете вирусот во своето тело, кој ќе се размножи, по што ќе почнат симптомите на настинка.
Во првите денови не сте ни свесни дека сте болни, а баш во тој момент сте најинфективни. Како што се размножува вирусот, тој ја напаѓа природната заштита на организмот и слузокожата во носот. Тогаш носот почнува да не иритира и започнува кивањето.
“Вашето тело во желба да го ограничи бројот на вируси кои се множат, ги ослободува клетките на имунитетот, а тоа прави симптомите да се влошат – телесната температура се покачува, со цел да ги убие вирусите, крвните садови се шират, слузницата во носот отекува и го блокира носот, а секретот се собира во градите”, објаснува вирологот Баркли за Daily Mail.
Интензитетот на реакцијата на организмот на вирусот варира од личност до личност, па така на еден вирус нема сите да реагираат исто.
Генетските фактори исто така играат голема улога дали ќе имате висока температура или интензивно кивање на пример. Луѓето кои веруваат дека никогаш не заболуваат од грип се среќни бидејќи нивното тело не реагира бурно на вируси.
И покрај многубројните истражувања, лек за обичната настинка не е пронајден.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Можни фактори на ризик за аутизам во бременоста
Кога се зборува за аутизам, едно од најчестите прашања на идните родит...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...