|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто децата манипулираат со родителите?

Редакција Рингераја, 29.5.2014
Ако детето е разгалено, а родителот попустлив, тогаш родителот прво мора да ја измени својата внатрешна логика и да ја утврди слабата точка заради која му попушта на детето. Доколку тоа не го направи, советите не помагаат и нема да донесат успех

image
/11


 

Кога бебето има некоја незадоволена потреба, се чувствува непријатно и плаче. Плачот е сигнал кој го повикува родителот да ја задоволи потребата на детето. Затоа децата ги бараат родителите, како личности кои прават да се чувствуваат пријатно.

 

Јас сум моите желби

Но, во втората година од животот, детето покрај потребите има и желби. Разликата меѓу потребата и желбата е огромна: ако потребата не е задоволена подолго време, загрозено е преживувањето, а ако не е задоволена желбата, детето може да се чувствува незадоволно. Но, детето се уште не ја препознава оваа разлика.

Дополнителен проблем е што детето се уште не се разликува сееси од своите желби. Кога родителот ќе ја одбие желбата на детето, детето тоа го разбира како да го одбива него. А кога имате 2 или 3 години, најважна работа на светот е мама да ве сака. Затоа сите деца, ако им се постави граница – реагираат како да настапила катастрофа. Затоа родителот мора и покрај тоа што ги одбива желбите, на детето јасно да му покажува љубов, за детето да знае дека е сакано.

 

Конфликт меѓу биолошкото и општественото

Задача на родителот е да го подготви детето за самостоен живот во општеството. За да ја постигне целта, родителот мора да му поставува граници на детето. Тоа значи да одбива да ги исполни некои од многубројните желби на детето и да не му дозволува се. Родителот тоа мора да го прави за да го социјализира детето и да го подготви за живот во општеството. А тоа води до конфликт меѓу желбите на детето и волјата на родителот. Во основа, тоа е конфликт меѓу биолошкото и општественото. Во овој конфликт родителот мора да покаже дека е силен, така што детето мора да се подреди и да прифати дека возрасен е тој кој  ги поставува правилата и кој знае повеќе за опасностите на овој свет.

Во прво време детето ќе се чувствува отфрлено, бидејќи ќе верува дека неисполнувањето на неговите желби е негација на љубовта, но подоцна ќе сфати дека родителот тоа го прави баш заради тоа што го сака. А до тоа најлесно ќе дојде ако родителот јасно му покажува љубов од една страна, а дисциплина и поставување граници од друга страна.

 

Први маневри

Додека не се случи тоа, детето кое се чувствува отфрлено ќе се бори против волјата на родителот. Инаетот се појавува во втората година, а ако тоа не успее, главно оружје на децата е емоционалното изнудување. Манипулацијата е свесен маневар, кога некој има скриена цел, а емоционалното изнудување предизвикува одредени емоции кај другите луѓе. Типични чувства кои дополнително ја мотивираат жртвата на емоционалното изнудување се чувство на вина, страв, сожалувањеи слично. А малото дете од две години може да сфати кои чувства се “исплаќаат” и на кои чувства родителот паѓа.

 

Види колку сум тажен

На пример, ако детето покажува дека е многу тажно и плаче, тоа остава порака: “Види колку сум тажен, како можеш да ме гледаш вака несреќен ако ме сакаш?” На тој начин се обидува да предизвика кај родителот чувство на вина. Ако родителот падне на тоа, детето ќе знае дека секој пат треба да постапи така, за да го добие тоа што го сака.

 

Зајакнете ги слабите точки

Во ситуација на емотивно изнудување, кај родителот постои внатрешен конфликт меѓу краткорочните и долгорочните последици. Ако му попушти на детето тој ја решил ситуацијата раткорочно, но за долгорочно поставил образец на однесување според кој детето, во секоја следна ситуација ќе го примени истиот маневар. Затоа, при првиот обид за емоционално изнудување, родителот треба јасно да го каже својот став.

Автор: Психотерапевт Др. Зоран Миливојевиќ

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?