|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
“Жените знаат, разбираат и чувствуваат секој пат кога мажите ќе направат некаква глупост”

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Ја изгубив својата сопруга есента, 2004 година. Нашиот брак траеше само седум години, со тоа што последните две години ги поминавме по болници, водејќи очајна борба со ракот, која на крајот ја изгубивме.

За време на нашиот живот сопругата имаше обичај, за секоја годишнина од нашата свадба, да не слика заедно. После тоа ќе ја урамеше сликата во прекрасна рамка и ќе ја ставеше во ходникот.

- Нека ги тука. Тоа се најсреќните моменти од нашиот живот – говореше секој пат. Имавме седум такви слики.

Една ноќ, во 2003 година, направив голема глупост. Ја направив најголемата грешка во својот живот – ја изневерив со друга жена. А истовремено, скоро без престан и се колнев во мојата љубов кон неa и како ќе и бидам верен цел живот.

Две недели пред нејзината смрт, собрав сила и и' кажав за тоа. Таа чудно ме погледна, се насмеа и рече – “Знам!”

Пред отприлика месец дена кога, како и обично, бев сам дома, по којзнае кој пат се загледав во нашите слики на ѕидот. И одеднаш погледот ми го привлече рамката на една слика на која, кога погледнав подобро, беше изгравирана буквата В. На мое запрепастување, на секоја рамка во долниот десен агол имаше изгравирано по една или две букви. Ова беа буквите:

В-И-Д-И-Н-А-З-А-Д

Веднаш ги подигнав рамките и погледнав зад нив. Но таму немаше ништо. И додека се чудев на сето тоа, одеднаш ми текна нешто. Брзо ги симнав сите рамки и почнав нервозно да ги вадам. Бев апсолутно сигурен дека знам што правам.

Е ете...не згрешив. Ми беше тешко да поверувам дека на врвот на секоја слика имаше залепено мало писменце! За секоја година која ја поминавме заедно, сопругата ми пишувала прекрасни писма, полни со љубов и нежност, ги ставала во прекрасен коверт и ги лепела на позадината на рамката. Меѓутоа ковертот кој беше зад сликата од 2003 година беше црн. А на листот кој го извадив пишуваше.

 

“14 март, 2003 година. Денес твоите очи ме погледнаа така, како да си ме изневерил со друга жена...Не е потребно тоа да ми го кажеш. Знам.”

..............

Сега е 2008 година. Поминаа четири години откако ја изгубив и пет откако ја изневерив. И денес душата ме боли заради тоа...

 

Но, иако доцна, успеав да дознаам:

“Жените знаат, разбираат и чувствуваат секој пат кога мажите ќе направат некаква глупост”

....едноставно сакав својата приказна да ја поделам со некого.

 

Непознат автор

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Опасности што се кријат во базените
Летото е време за одмор, освежување и забава покрај базен, но зад кристално чистата вода често се кријат невидливи опасн...
3
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
3
Љубомора поради новиот член
По некои истражувања идеална разлика меѓу две деца е 4 или 5 години. Постарото дете веќе не е толку љубоморно, па затоа ...
3
1, 2, 3 деца. Kако расте мајчинството?
Секое дете носи нова љубов, но и нова динамика во семејството.
3




Анкета

Ve molam za sovet
zbuneta1

Brenena sum 4 meseci potocno 16 nedela ,ne abortiran na vreme zosto mi kaza deka ke bideme zaedno i na krajme ostavi sama.Pomoglete mi sto da pravam da go zadrzam ili da abortiram zosto i samata neznam sto bi bilo ispravno ?

da go zadrzam (88%)

ili ne (12%)


Број на сите гласови: 285

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!