|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Жените имаат подобра меморија од мажите!

www.zazdravje.com.mk, 31.3.2012
Одредени разлики помеѓу половите се сметаат за вродени. Мажите се наследно поголеми и имаат појаки мускули. Машкиот полов хормон – тестостерон кој може да се најде и кај жените – ги прави мажите поагрeсивни

image
/11


 

 

 

За разлика од мажите, жените се со помал раст и имаат послаби мускули. Нивните тела исто така продуцираат тестостерон, но естрогенот е застапен многу повеќе. И некои истражувања што ни доаѓаат од Шведска, потврдуваат дека жените можеби, на некој начин се и попаметни од мажите.

Шведските психолози спровеле неодамнешно испитување за да се добие одговор на прашањето дали половите разлики влијаат на способноста да се запамтат секојдневните настани. Нивното истражување пронајде значајни разлики во однос на мемориските способности помеѓу мажите и жените.

Мажите на пример поседуваат супериорна способност за визуелно процесирање. Ова е таков тип на меморија која помага во одговарањето на прашањата од типот “Каде ги ставив клучевите?”, или “Дали се на горната полица или на долната”. Мажите се покажале подобро и во типот на меморија каде што е потребно да се пронајде патот во шума или да се лоцира некој изгубен предмет во природата, како на пример изгубено топче за голф.

Жените од друга страна се покажале подобри во извршување на епизодични мемориски задачи, а тоа е тип на меморија што е потребна за одржување на пријателски врски. Исто така, жените биле подобри и во памтење на слики, приказни и зборови, како и запамтување на личности – особено на други жени.

Истражувачите откриле и дека жените се подобри во препознавање на фамилијарни мириси, но и дека имаат многу повеќе потешкотии во препознавање на спомени кои биле целосно презентирани во апстрактна форма.

Овие истражувања го потврдуваат фактот дека жените имаат супериорна способност во однос на мажите за детекција и помнење на лаги. Овој ефект е уште поприметлив ако лагата вклучува изјави во врска со секс, сексуален идентитет или пол. Жените имаат тенденција да ја запомнат целата лага, додека мажите имаат обичај да ја сортираат вистината и да го заборават останатиот дел од изјавата.

Научниците откриле и дека мажите и жените го разбираат говорот со различни делови од мозокот. Мажите го разбираат говорот како правило на зборови додека жените како врска помеѓу зборовите. На пример девојче ќе каже дека ја држела куклата, но подоцна може да каже и дека ја држела играчката, додека момчето никогаш нема да каже дека ја држело играчката се додека не слушне дека може да се употреби и таа варијанта.

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Започнете со воведување ред и организација...
Дали некогаш сте се запрашале зошто некои деца без проблем си ги редат играчките, ги следат своите обврски и знаат што с...
6
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Како да се заштитите од мали сипаници - Мо...
Алармантна ситуација со заразното заболување Морбили кај нас во Македонија, поготово во последниве неколку години. Оваа ...
4
Упис на првачиња
Уписот ќе се реализира од 01.05 2021 до 31.05.2021 година со електронско пријавување (on – line) ,а за родителите/стар...
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.