|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Заради што мајките чувствуваат вина?

Редакција Рингераја, 29.1.2014
Родителството создава цела палета на чувства, од кои повеќето се прекрасни и го збогатуваат нашиот емоционален свет. Сепак, толку многу треба да се знае и умее што мајките, во желбата да бидат најдобри, често влегуваат во стапицата на чувство на вина

image
/11


 

 

Една мајка духовито го опиша своето чувство на вина:

“Откако станав мајка, секојдневно се преиспитувам и мислам дека можев подобро. Но, ми се чини дека вината ја држам под контрола. Се смиривме и уверена сум дека среќно ќе живееме заедно  до крајот на животот.”

Еве ги најголемите прчини заради кои мајките чувствуваат вина:

  • Вина дека не си играат доволно со децата, или

          - Не си играат доволно квалитетно

          - Не им се игра

          - Не можат да се внесат во играта

          - Тајно ги бројат минутите кога играта ќе заврши

  • Вина бидејќи децата гледаат премногу ТВ
  • Вина заради губење на нервите, викањето  казнувањето
  • Вина заради чувството дека децата не јадат доволно, или доволно здраво
  • Вина заради одложување на детските  барања
  • Вина заради тоа што одиме на работа
  • Вина бидејќи немаме доволно трпение
  • Вина кога некаде ги оставаме
  • Вина бидејќи немаме чувство на вина кога некаде ги оставаме
  • Вина бидејќи премалку ги учиме
  • Вина заради неможноста на детето да му овозможиме нешто
  • Вина заради заморот
  • Вина заради чувството на незадоволство на детето
  • Вина бидејќи семејството поминува премалку време заедно

 

Долг список...

Можат ли мајките да го победат чувството на вина?

Да и не. Во денешно време животот е премногу комплициран. Сакаме да бидеме дбри мајки, мораме да ги завршуваме своите обврски дома, сакале или не, а сакаме да имаме и некој момент за себе. Но, немаме доволно време, па заради тоа константно имаме чувство на вина.

Не можеме да постигнеме се', барем не нака како што сме замислиле и треба да престанеме да губиме време плачејќи над идеалните слики. Колку пати мајките си играат со своите деца и во исто време прават вечера или ставаат алишта да се перат...Тоа е реалноста.

Ако утврдите дека вашето најголемо чувство на вина е поврзано со премалку поминато време со детето, обидете се тоа да го промените, но не по принципот “се или ништо”. Ако дневно поминете еденн квалитетен час со детето, потполно посветен на заеднично дружење, не е ли тоа подобро од десет растресени часа? Ако потоа не чекаат домашните обврски, на детето тоа ќе му биде во ред. Тоа повторно ќе се врти околу вас, бидејќи едноставно ја сака вашата близина.

Чувството на вина кај мајките произлегува од фактот што своите деца ги сакаат до небото и назад. Понекога, во тој кпнеж да им дадат се најдобро, им даваат и повеќе од потребно.

Заради тоаследниот пат кога ќе почнете да се чувствувате виновни, застанете на момент и размислете.

Она што мајките секогаш можат:

Да сакаат. Потполно и безрезервно.

Направете го она што е во ваша моќ. И тоа ќе биде доволно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Играта е пат преку кој децата учат
Играта е активност која помага и го исполнува секојдневниот живот на детето. Таа помага во процесот на подготовка на дет...
4
Инфекција на уво кај дете
Инфекцијата на уво е една од најчестите здравствени тегоби кај децата, особено во раната возраст. Иако често се јавува к...
3
Како да израснете великодушно дете?
Децата од предучилишна возраст се во процес во кој ќе ги развијат своите социјални вештини. Пријателството добива поголе...
3
Што да правите кога детето нема пријатели?
Дознајте како можете да му помогнете на детето да ја надмине срамежливоста и да најде пријатели меѓу своите врсници
3




Анкета

.
Jana9

Dali trosite mnogu pari na garderoba?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!